Блог на една мајка

The Blog

Зошто да вежбам со мојот бебуш?!


Една моја блиска другарка кога прв пат ме виде дека вежбам со Марта коментарот и беше “дали си ти нормална што ја малтретираш”.  Слушав многу коментари од блиски, како еден со друг си кажуваат како ја малтретирам Марта. Најверојатно бидејќи прв пат виделе такво нешто.

 Кога вие вежбате, прво сте негов пример, бебето колку и да е мало се гледа, се перцепира. Додека вие вежбате и тоа вежба. Му се развива целата моторика. Прати што правите, се гледа во огледало, доколку вежбате пред него. Од искуство мое и на мајки кои почнаа со бебуш да вежбаат после еден извежбан „МАРАТОН СО БЕБЕ„ бебињата, а те видат дека вежбаш одма допузуваат или се бунат да вежбаш со нив. Марта сега доаѓа обавезно,  плус кога ме гледа се цери од смеење. Ајде сега да ви ги пишам полезностите што ги има бебушот кога вежбате со него:

–          Се развива моториката на трупот и екстремитетите
–          Правилно формирање на ‘рбетот и колковите
–          Правилно формирање на екстремитетите, главата и вратот
–          Развој на видот, слухот, мирисот и допирот
–          Развој на рефлексите за својата возраст
–          Го поддржува нормалниот сон
–          Влијае позитивно на расположението на бебето
–          Го развива неговиот мозок
–          Го подобрува имунитетот

 

Би сакала да додадам дека додека вежбате, дететот учи да ги регулира своите постапки врз основа на визуелни, тактилни сензации и перцепции, развива моторна меморија, размислување и волја. Не ја пропуштајте можноста да вежбате со бебуш. Можете да почнете да вежбате со него кога ќе направи 3 месеци, односно кога ќе почне да држи глава. Пред тоа, вие може да вежбате а тоа да гледа. Да е околу вас, да си лежи. Иако само гледа кај бебушот во меморија се запишуваат информации за можни движења, артикулации на говор, развивање на слух и подоцна полесно ќе ги совлада моторните вештини. Фитнесот со бебе пред се е за развој на бебушот, но и за ваше слабеење. А каде ќе најдете поубав тег од вашиот бебуш?! НЕМА НИКАДЕ НА ОВОЈ СВЕТ <3 <3 <3

Автор: Мери Амбросова