Блог на една мајка

The Blog

Во какво дете ќе порасне вашето бебе зависи од вас


Уште кога останав бремена почнав да барам книги, овие оние може над 10 имам книги за воспитување деца прочитано на македонски и уште 5 на руски и се нешто ми фалеше, не можам да кажам дека се лошо но некако се едно исто.Ми требаше како да изреаѓирам  во дадени ситуации, како моите реакции ќе влијаат во градењето на карактерот на Марта. Што да се дозволува а што не, до кој степен. Посебно откако прооди и почна растур да прави низ дома.

На моја среќа што би се рекло „кој барал нашол„ додека гледав видео на youtube ми се појави човек кој почна да зборува како родителите им се дерат на децата „ Сто пати ти кажав, а ти пак едно исто, смотан си за ништо не те бива итд„. Го исклучов, наредниот ден пак ми се појави го догледав до крај и пак кога ми се појави се пријавив на онлајн бесплатен курс од три дена. Искрено бев скептик, бидејќи на неколку курса бев за деца и некако не беше тоа тоа. Но човеков ме воодушеви од првиот ден. Психолог за деца најпознат во Украина па и Русија, ТВ водител на психолошки емисии детски и семејни. Се вика Дмитрий Карпачев. Има и на youtube видеа. Ако разбирате Руски може да ги изгледате. Да скратам доколку сакаш да одиш на едно предавање кое трае 5 недели кое е од 0 до 3 години и ги разработува сите проблематики се плаќа. И јас воодушевена кога му кажав на сопругот мислев ќе каже дај нека не те лажат, но не, он беше воодушевен од него бидејќи бил многу познат психолог. Така јас го почнав курсот. А со овој пост сакам да ви кажам неколку работи од бесплатното предавање што ме воодушевија, а некои теми за кои дискутиравме а  ми вовлекоа внимание ќе бидат во наредни постови.

Ова се неколку фрази реченици кои ќе ги издвојам како најбитни кои ги дознав:

  1. Каква „судбина„/„среќа„ ќе има вашето дете зависи од вас, не е никаква случајност дали детето во иднина ќе сака да учи или не, каков сопатник ќе земе, уште од најмала возраст како родители влијаеме на идниот карактер и избор кој ќе го направат децата.
  2. За сите навики кои ќе ги стекнат децата до 7 години единствени виновници се родителите.
  3. Сите навики потекнуваат од многу повторувања. Ако нешто вашето дете прави, а не ви се допаѓа, запрашајте се како ја стекнал таа навика и постепено воведувајте друга полезна навика која ќе ја замени онаа која не ви се допаѓа. Но да е постепено, не со викање и дерење. На пример ако јаде чипс, не одма на брокула него полека, прво на јаболко, па на морков па на брокула…
  4. Уште од најмала возраст од бебе почнува да има влијание како се однесувате кон вашето бебе вашите реакции вашите постапки, сето тоа ќе влијае понатамошното однесувањето на детето.
  5. До 11 година можете да градите карактер на детето понатаму само го покажува она што го видело усвоило.
  6. Ниеден родител не е совршен, сите правиме грешки, бидејќи сме луѓе. Не е убаво да се обвинуваме.
  7. Мајка која вика по детето е мајка која нема нерви и и треба одмор. Затоа еднаш неделно треба да оди да прави што сака. Ова е минимумот
  8. Не правете послушни деца, него дисциплинирани деца кои разбираат причино последични ситуации. На пример: не пипка на шпоред, зашто знае дека ќе се изгори, а не од страв дека вие ќе му викате. Прашајте се, „послушноста за што ќе му служи утре на вашето дете„. Ова прашање беше поставено и имаше некои одговори како во стилот „да слуша на работа„, „да го слуша сопругот„ но работа која човек треба да немисли и да слуша е нископлатена работа, дали таква работа му посакувате на вашето дете?! Не. Дали сакате вашата ќерка да биде среќна или да го слуша сопругот? Најверојатно да биде среќна. Овде само да не измешаме дека не е исто човек да е самопослушен, да се слуша самиот себе. И тука децата најчесто ги утепуваме, како што нас не утепале, да бидеме послушни. Затоа многу ретко за нас нешто правиме , се за другите. Овде мислам на пример ако сакам да ослабнам може нема да успеам од чиста мира ради мене, но сигурно ќе успеам ако на пример на работа ми кажат ослаби 4 килограми, има за месец да ги симнам. Ова е само пример со кој сакам да ви доловам на што мислам.
  9.  Детето до 5 возраст заборава неговиот мозок не памти, може да сте се договориле сабајле нешто да не прави, а вечер да не памти на договорот. Затоа треба да се повторува постојано додека не усвои.
  10. Од најмала возраст учете ги децата на самостојност. На доверба на родителите, поддржете ги, но не правете ги работите за нив. Зашто во иднина ќе научат дека ништо не можат, без нечија помош.
  11. Бидете секогаш тука за децата, ако плачат пробајте да им го завртите вниманието на нешто друго ако не може тогаш кажете им дека ги разбирате во тагата дека тука сте за нив

Имаше уште многу теми како на пример „Зашто родителите им забрануваат на децата да скокаат на кревет„, „Дали да дозволиме детето да влезе во вирче со вода или не„, „Да чепка ли детето во нос, како да го научиме да престане, да престане или не„. Доколку ве интересираат овие теми може да пишете „ме интересира„ или сакам на објавата на постот на фб или инстаграм каде сте виделе. Доколку повеќето сакаат ќе споделам во наредните постови на мојот веб сајт.

Убав ден, вечер.

 

 

 

 

 

 

Автор: Мери Амбросова