Блог на една мајка

Трчање


Период на трчање е и затоа со вас сакам да споделам мое искуство со трчањето. Како човек кој 10 години помина во пливање и „потење на мокро„, кога дојде време да судам кошарка, па уште кога ми кажаа дека ќе има кондиционене тест ми се крена коса. Така фино лепо почнав со трчање да се спремам за тестот 4 месеци. На почетокот ми беше претешко, иако и во средно имам трчано, но поминато беа повеќе години и трчав како шатка, но не се откажував. Читав како да се исправам како да ми се исправат нозете, правев вежби. По 4 месеци тестот одвај го положив ми прогледаа низ прсти, но затоа наредна година го положив без мака. Ова се некои совети од мене за вас во врска со трчањето кои ги искусив јас. Пред да останам бремена трчав 5 години односно од мај до крај на октоври секој втор ден, или секој ден. Истрчав неколку програми, на крај почнав сама да ги правам. Откако се породив после 4 месеци почнав да трчам и ми беше многу тешко, па поучена од курсот за фитнес направив и програма за почетници односно после пород трчање. Бев тогаш 15 килограми плус и многу тешко ми беше. Оваа пролет кога почнав ми беше многу полесно и поубаво со -15 килограми. Така одиме на совети.

  1. Поставете цел, имајте план

Има многу програми за трчање врз база на тоа дали сте почетник или не. Јас кога почнував трчав така само и имате резултат но многу подбар ќе имате доколку трчате со забрзување, со паузи, со серии. Доколку сте заинтересирани пишете ми за програмата да ви ја испратам.

      2. Инсталирајте си апликација за трчање

Ова е многу мотивирачки посебно што дава со кое темпо трчате, ќе видите после неколку трчања дека сте трчате побрзо. Јас ја користев апликацијата Runkeeper.

      3. Трчајте со опрема за трчање

Секогаш ама секогаш трчајте со патики за трчање. Обично пишува на кутиите RUN односно дека се патики наменети за трчање. Користете чорапи за трчање. Со ова ќе ги зачувате нозете, колената и ахиловите петти. Многу судии од неправилно носење на опрема имаат проблеми со ахилови петти после неколку години. Плус ќе воочите разлика од носење удобни чорапи. На опаковката пишува секогаш на чорапите дека се за трчање.

      4. Трчајте на трева

Ова обавезно, никогаш на асвалт. Нема потреба да ги оптеретувате колениите. Трчате за здравје а не да отворите уште еден проблем во иднина.

      5. Немојте да мислите дека ако само трчате дека ќе ослабнете или дека ќе ви го снема стомакот. 

Да со трчање се слабее но доколку вклучите и правилна исхрана, ако постигнете калориски дефицит, ако правит вежби дополнителни. Јас само трчав последното лето пред да останам трудна не внимавав на храна не вежбав, знаете што добив? Стомак ахахаха. И онака имам „стомак„ градба со ова темпо ми стана повеќе виден ахахха.

     6. Не трчајте повеќе од еден час

Повеќе од час не се препорачува, се смета за напрегање на телото, и ако правите мускули ќе поченте да ги губите.

     7. Насочете го вниманието на трчањето

Уживајте додека трчате, мислете на движењата на рацете, нозете, на дишењето.

Толку околу ова се надевам ви помогнав, јас обично не сакам трчање и не би трчала да не бев судија. Секогаш за кардио би избрала аеробик, кардио дома, скокање на јаже и ред друго, но кога доаѓа пролет убаво ми е и да трчам за промена.

„ НЕ ТРЧАЈТЕ ЗАТОА ШТО Е ТРЕНД, ТРЧАЈТЕ ЗАТОА ШТО САКАТЕ И УЖИВАТЕ ВО НЕГО„

Автор: Мери Амбросова