Блог на една мајка

The Blog

Мојата трансформација после бременоста


Овој пост богами чекаше цели 6 месеци да се напише и не ми се верува дека го куцам :)))).

Сакам на почеток да кажам дека никогаш не сум била со „вишок„ килограми, но сум имала мало меше. Единствено немав еден период кога вежбав 6 месеци пилатес и внимавав на исхраната, но бев прогласена за мн слаба. Тоа беше некаде средно школо. Кога се запишав на факултет од учење и обавези ми се појави. Како и да е, секогаш сум сакала слаби луѓе ама баш слаби. Мојата градба е таква да чим се опуштам малку со исхраната одма се поправам и тоа одма се во пределот на стомак. Но и за тоа има чаре, со внимавање на исхрана и вежбање може да се оформи за мене задоволително тело и да се одржи. После три маратона добив поубаво тело него пред да останам бремена. Дали го одржив, да го одржувам, и тоа е процес и учење како да го одржиш телото и килажата.

Со три Маратона и првата програма ако ја броиме добив поубаво тело него пред да останам бремена

Бременост

Прво нешто што направив кога дознав дека сум бремена отидов кај нутриционист да ми направи план за исхрана,и се тоа беше супер. Имав став дека нема шанси да се поправам повеќе од +12 кг. Дека ќе внимавам што јадам и ред друго. Се одеше супер, не бев многу поправена првите 4 месеци. После 3 месец почнав и со Јога за трудници. Во посебна група само трудници, јогата не беше само дишење и лесни вежби, него вежбање. И така дојде време да се селам за Киев, се преселив, следеше процес на прилагодување во новата ситуација, да спремам ручеци итн. Поминаа три месеци, не бев мн поправена исто. И така некаде 6 месец се освестив да одам на Јога овде и пробав да одам но беше мн лесна, далеку ми беше, се изморував и така си вежбав дома. Но како поминуваа месеците јас се поголема бев нормално ахахах. Некаде 7 месец ми открија скриен шеќер, не беше страшно на граница беше шеќерот, но ми забранија се. Тогаш мислев дека се хранам „здраво„, но од сегашен аспект далеку од здраво. Јадев сувомеснато, сирења кашкавали итн. И така бев месец дена на диета и кога ми кажаа дека е се во ред, некаде 35 недела, кога ми се отвори апетит. Значи тоа беше страшно. Одев и јадев, секој ден се враќав со полни ќеси храна од маркет. Јадев и мислев што е следно за јадење. Среќа Марта се роди 38 недела и јас бев +25 кг да седеше до 40 недела мисалам ќе бев 35+. Иако кога ме виде гинекологот пред пород ми кажа дека не сум мн голема, но изгледа бидејќи не ме знаеше претходно.

38 недела

Се роди Марта

Бев +15 кг од пред да забременам, одма ставив мидер за вовлекување на стомак, но мене ми се вовлече малку и толку. Со појас се вовлекува да, но ако не вежбате нема шанси да ви се вовлече сам од себе. Сите викаат треба време да помине, треба мин 9 месеци, внимавај на храната, но по три месеци јас накачив плус 3 кг, во стомакот бев како бремена. А овде во Украина одма чим родат, не знам како, магично, сите се слаби со мало меше, одма по месец два максимум. Сопругот ми се чудеше. Така најдов програма за вежбање после пород и почнав, но немаше вклучена исхрана. Вежбав 5 недели секој ден, еден ден вежби друг ден трчање, но резултатите беа само затегнато тело, а во килограми бев иста.  Плус почнав да имам болки во кичмата зашто правев стомачни вежби кои не беа за мајка која има дијастаз над 1.5 прст. За ова дознав подоцна. И така програмата заврши, не бев задоволна, но тоа е што е. Откако завршив со неа, ми дојде менструација и симнав само од себе 2 кг, ова е многу битно за организмот, обично чим ќе добиете менструација ослабнувате плус. Резултатот од оваа програма можете да го видите на сликите.

Резултати од првата програма. Ова немав вклучена исхрана и резултатот беше само позатегнато тело.

 

Продолжив со барање нешто, некоја програма, ми требаше нешто онлајн, бидејќи немаше кој да ја чува Марта. И најдов Маратон на кој се вежбаше со бебе, плус исхрана од нутриционист, плус совети. Овде дознав за дијастаз и за една недела симанв 2 кг на крајот од 3 недела дојдов во Скопје и малку се опуштив, но на крајот симнав 3 килограми, и резултатот беше видлив. Вежбав и во парк и на плажа кога другите лежеа. Но имав толкава желба да ослабам што нема зборови што можат да ја опишат. Воопшто не бев задоволна со изгледото на телото кое го имав, и тоа најмногу ме мотивираше. Вежбав и во 00 и во 01 после полноќ. Иако според мене тешко симнував килограми успеав само поради тоа што бев упорна. Резултатите можете да ги видите на сликата. Бев воодушевена

Резултати после првиот „Маратон со бебе„

 

Тука решив дека мора да направам сличен маратон и за во Македонија. За мајките кои немаат можност да вежбаат во сала. Се вратив во Киев и зборев со тренерот кој го водеше маратонот, отвори конкурс за тренери и одев 4 пати неделно со Марта на обука за Фитнес тренер со акцент на после пород, цел месец. Така првиот Маратон го правев заедно со него, го вежбав и јас и моите пријавени 8 мајки. Резултатот беше – 3 килограми. Но овдека ми се случи стагнација, цел маратон не симнав ниту еден килограм. И после него два дена симнав наеднаш -3 килограми. За стагнација ќе пишам друг пост. Се е нормално, организмот мора да се навикне на сегашните килограми и да ги прогласи за нормални пред да почне да симнува повторно. Резултатите може да ги видите на сликата

Резултати после вториот „Маратон со бебе„ односно првиот лично мој.

 

Потоа продолжив да вежбам 3 пати неделно пред да го вежбам третион, тоа беше Маратон со фитнес ленти плус кардио. Тука се вклучи и сопругот бидејќи има завршено фискултурно па ми помогна. Со овој Маратон симнав 2 килограми, но ми се затегна телото.

 

Резултати од третиот Маратон извежбан

Сакам да напоменам дека помеѓу Маратоните не вежбав, но слабеев. До  крајот на декември за 6 месеци откако почнав да вежбам ги вратив килограмите кои ги имав пред да забременам. И тоа телото го вратив зацврстено и силно. Бидејќи вежбав и внимавав на исхраната. Но лицето ми остана малку подуено и го чекав да видам кога ќе се врати, и се врати некаде мај месец точно после 13 месеци, ослабна и тоа.

Трансформација за 6 месеци. Со 3 Маратона и една програма за вежбање.

Од декември па до сеа Јули месец имав и падови, кога се поправив 3 килограми. Ми требаше одмор од вежбање плус  имав и приватни случувања. Како и да е некаде Март се освестив и почнав да вежбам редовно и да внимавам на исхраната. Моментално спремам и Маратон кој се вежба 20 минути на ден кој е многу интересен и ќе стартува во август. Со него ги симнав до сега (сум до втора недела) -2,5 килограми и моментално сум -2 кг послаба него пред да забременам. Според мене ги имам идеалните килограми. Има уште за топење, но ми се допаѓа телото како изгледа. Слика немам ќе видите на инстаграм или на фб.

Сакам со постов да ве мотивирам дека можете и вие. Дека не треба да се очекува брз резултат. Дека може да се откажете и од благо, засекогаш. Тоа нема да биде одма, и јас јадев на почетокот, но како се едуцирав дека е штетно, дека сувомеснато не е здраво дека има шеќери и ред други работи едноставно не ни посегнувам по тоа. А верувајте го имам во фрижидерот дома. Дали јадам понекогаш и тоа?! Јадам на гости, ако нема ништо друго, а сум премногу гладна. Но тоа е еден ден, не секој ден. И тоа е во ред да си го направите меракот. Јас си го правев и кога видов дека зачестив пресеков, и се вратив на „нормала„. Се е тоа во ред, не треба да станувате роботи, да си забранувате работи. Ако ви се јаде многу одете изедете, но уживајте во тоа. Не сум за седење дома и мислење на некое чоколадо и паѓање во депресија поради тоа. Но не сум ни за тоа на секое пријадување одма да се частите. Се знае еднаш неделно частење. А кога слабеете нека не биде ни еднаш неделно. Издржете.

 

Запомнете секогаш кога слабеете ВЕЖБАЈТЕ И ВНИМАВАЈТЕ НА ИСХРАНАТА

Автор: Мери Амбросова