Блог на една мајка

The Blog

Што е ДИЈАСТАЗ и како да го определите


Многу мајки се соочуваат со проблемот ДИЈАСТАЗ после својата бременост. Голем број од нив не ни знаат дека имаат и почнуваат да вежбаат вежби кои не се за нив, и кога ќе увидат дека им се појавиле проблеми тогаш почнуваат да се информираат. Добар дел и знаат па се исплашени и не знаат што да прават понатаму. Поради тоа решив да го напишам овој пост. Го пишувам како фитнес инструктор за после породилно искуство, сертификат стекнат во Киев, поседување на неколку дополнителни предавања за дијастаз, со една година работење со мајки кои имаат дијастаз. Пред се и јас имав и работев на мојот дијастаз. Поради дијастаз настана и овој проект Моја Фитнес Мама.

Моментално доколку имате дијастаз можете да се пријавите на моите фитнес програми

  1. „МАРАТОН СО БЕБЕ„ каде 21 ден добивате тренинзи кои се за мајки со дијастаз, исхрана и совети. „МАРАТОН СО БЕБЕ„ е програма и за мајки кои немаат дијастаз и за девојки кои не се мајки. Може да се вежба и со тегови и со бебе.
  2. Има и посебна програма само за мајки со дијастаз „МАЈКИ ХЕРОЈКИ„ се вежба три пати неделно, може и со вклучена исхрана може и без неа. За детали може да ми пишете слобоно на една од социјалните мрежи facebook https://www.facebook.com/mojafitnessmama/?modal=admin_todo_t или на инстаграм https://www.instagram.com/mojafitnessmama/

Така сега да почнеме за дијастаз.

Раѓањето на дете е примарна мисија на секоја жена, во која таа ја дава на некој начин својата убавина, после бременоста секоја жена се соочува со промените на своето тело како на пример

  • вишок на килограми
  • целолит
  • појава на модринки
  • израмнет задник
  • дијастаз…

И некако за се има информации како да се справите и со целолитот и со килограмите… но за дијастазот малку се зборува.

За полесно да разберете го поделив во неколку под наслови. Се обидов попросто да го објаснам

1. ШТО Е ДИАСТАЗ?

ДИАСТАЗ е растојанието помеѓу двата централни стомачни  мускула (десниот и левиот). Растојанието помеѓу нив се нарекува дијастаз.

Дијастазот е видлив на второто тело

При бременоста за да има простор бебето да расте матката се шири и со тоа се раздвојуваат стомачните мускули и нивно ослабнување. Исто така и хормоните влијаат за намалување на сврзното ткиво. При слаби стомачни мускули односно при дијастаз веќе стомачните мускули не го држат телото добро и органите, стомачните се одговорни и за кичмата поради тоа треба многу да се работи на намалување на дијастазот. Сите родилки првите денови/месеци имаат 1.5-2  прсти дијастаз и тоа е нормално. Најчесто овој дијастаз се губи најдоцна до 3 месец. Но дијастаз кој е поголем од 2 до 4 прста задолжително треба да се работи на негово намалување. Да не се остави во надеж дека сам ќе се намали. Доколку имате дијастаз кој е поголем од 4 прста тогаш само со хируршка операција ќе се соберат. Во денешно време овие операции воопшто не се опасни и сите се успешни. Не смеете да оставите дијастаз не собран, бидејќи тој ќе се зголеми како што годините ќе проаѓаат, исто така и во наредната бременост уште толку ќе ослабнат. Затоа е задолжително вежбање и при дијастаз. Но вежби кои се дозволени при дијастаз.

Факти за дијастазот

После втората бременост две од три жени имаат дијастаз

Кај секој различно оди намалувањето кај некој поспоро кај некој побрзо. Ова е од мое искуство со работа со мајки

40% – 60% од жените имаат дијастаз

Најчесто доколку имате стомак кој не се вовлекува после 3 месец голема е веројатност дека имате дијастаз над 2 прсти. 

Подуен стомак се јавува од причина што стомачните мускули не се способни да ги држат органите и тие се надувуваат. И тоа е најголемата причина што при дијастаз стомакот потешко се вовлекува. Прво треба да се стегнат, да се ослабне, да спаднат органите за да се повлече стомакот.

2. Како да определите дијастаз

Најточно определува хирург и тој се занимава со оваа проблематика. Токолку имате дијастаз поголем од 3.5 прста задолжително е посета на хирург и негово следење. Исто така после бременоста задолжително е да посетите гинеколог за да види дали имате дијастаз или не.

Чекори како да измерите дијастаз во домашни услови.

  1. Легнете на грб
  2. свиткајте ги колената
  3. едната рака ставете ја под глава
  4. подкренете се како за класични стомачни
  5. прстите од другата рака ставете ги во пупакот но паката да е свртена накај вас. Тука дијастазот е најширок.

Доколку одите погоре и подоле со дланката ќе го видите и дијастазот над пупакот и под него.

Без паника доколку ви влагаат повеќе прсти во пупакот

3. Типови на дијастаз

Постојат три типа

  1. Најлесен тип – од 1-1.5 прста. Он се појавува само кај пупакот додека под него и над него растојанието е помало од 1 прст. Овој најчесто се јавува кај жена која раѓа прв пат. И се намалува во првиот месец до три после бременоста. Овој дијастаз не е опасен и може да се работат сите вежби.
  2.  Втор среден тип – од 1,5 прст до околу 3 прста. Тука се работи за дијастаз кој се јавува кај пупакот и под него. Кај овој тип се приметува испакнување на стомакот нанапред и негово потешко собирање. Вежби само кои се дозволени при дијастаз.
  3. Трет тип –  од 3 прста до 5 прста. Овој тип е најопасен. Односно доколку имате поголеми од 3 прста одма треба да се зафатите со работа доколку ви е дозволено да вежбате. Кога можете да почнете со вежбање прочитајте на следниот линк http://mojafitnessmama.com/koga-moze-da-pocnam-so-vezbanje/. Кај овој тип можно е и до појава на папочна кила. Некаде кога имате над 3.5 прста се јавува и папочна кила. Доколку не го намалите дијастазот најверојатно во подоцнежните години ќе се јави и папочна кила. Тука се јавува и болки во кичмата при долго стоење и одење. Вежби само дозволени при дијастаз. И да при 5 прста може да се вежба и да се работи на намалување на дијастазот.

Причини за дијастаз

Дефинитивно најголемо влијание имаат гените. Доколку имате генетски препозиции за дијастаз значи дека и да имате цврст стомак односно тврди стомачни ќе ви се појави дијастаз, но во помал размер од тоа доколку не би ви биле затегнати.

Дијастаз не се јавува само после бременоста може да се јави и од следниве причини

  • неправилна техника на вежбање
  • кревање голема тежина

После бременоста се јавува поради голем плод, а ситна мајка. Зголемена тежина за време на бременоста. Ослабнати стомачни мускули. До сега моето искуство кажува дека и мајки кои се поправиле 30 кг плус пнемаат дијастаз од втор тип, мајки кои малку се поправиле имаат дијастаз од втор тип. Па мојот заклучок е дека гените имаат најголемо влијание а се другото е споредно за негова појава или не.

Искрено се надевам дека овој текст ќе ви биде од корист.

Ќе следат во иднина постови: „Забранети и дозволени вежби при дијастаз„ , „Мифови за дијастазот„ , „ Мое искуство со дијастаз од 3,5 прста„. Ќе се снима видео и за youtube. Доколку имате идеја за тема поврзана со дијастаз, слободно пишете ми на инстаграм или на ФБ.

До следно видување

Мери.

Автор: Мери Амбросова