Блог на една мајка

The Blog

Штанглички од морков


Штанглички од морков

Превкусни. Одлични за кога ви се јаде благо пред менструација 🤣🤣🤣.

Потребни состојки:

✅ 3 јајца
✅ 3 средни рендани моркова
✅ 2 банани
✅ две лажици мед
✅ пола лажичка сода
✅ 10 лажици брашно од спелта, не сум пробала со друго
✅ две лажици кокосово масло
✅ една лажичка цимет

Три белки се матат да станат бела смеса, потоа се додаваат жолчките. Во друг сад се мешаат останатите состојки и се додавааг на јајцата. Се меша и се распоредува еднакво на плех со хартија за печење. Се печат 20 минути на 200 степени. Кога ќе се подолади се мачка со прелив доколку сакате. (мед, какао, кокосово масло). И се сечат по желба.
.
Навистина превкусни пробајте ги.

Автор: Мери Амбросова