Блог на една мајка

The Blog

Домашен сладолед од јагоди и банана


Сладоледов е превкусен, здрав, без млечни производи, без прехрабени шеќери, лесен за јадење, брзо се прави и погоден за дечиња.

Рецепт:

1 банана

5-7 јагоди

50 мл билно млеко (кокосово, бадемово, оризово)….. Може и со вода.

Ја лупите бананата и ја замрзнувате на 3-4 часа, јагодите исто ги миете и ги замрзнувате 3-4 часа. Потоа во блендер јагодите и бананата со млекото/водата. Блендирате, смесата ја ставате во калапи за сладолед и уште 3-4 часа да се замрзнат. Може и така да си ја изедете, да ја јадете како прилог со палачинки.

Битно е да го почитувате редоследот.

На здравје,

Доколку правите пишете ми или тагнете ја @mojafitnessmama на инстаграм.

Имајте убав ден

Автор: Мери Амбросова