Блог на една мајка

The Blog

Ставање обетки кај БЕБЕ


Мислам сите што имаат девојче се опседнати со дотерување, машни, фустани, ташнички се за нашите цурки ахах.   Кога го пишувам овој пост Марта е 10 накај 11 месеци.

Некако кога се роди Марта во целата гужва околу новороденче изумив за обетки да и ставам, па така мајка ми ме потсети. И некаде на 6 месеци кога беше Марта прашав во Украина каде се ставаат обетки за бебе. Тамо се ставаат во козметички салони и имаат специјален „мастер„ на што јас бев зачудена. Потоа кога кажавме колкава е Марта тие одма кажаа „па може, но незнаеме да не има инфекција, па зимо е ќе и смета кога ќе става капа, ќе ја боли итн„. Украинците во се некако повеќе комплицираат за се имаат „МАСТЕРИ„ кои треба да ги резервираш недела однапред. И така одговоров малку ме замисли си реков „чекај бе овие мислам повеќе од мене за моето бебе„. Така причекавме и прашав и педијатер тамо и педијатерот ми кажа некаде после 10 месеци веќе може да се ставаат обетки поради нежноста на ушната школка.

Марта има бебешки обетки добиено од мојата тетка нејзина баба и се преубави, одвај чекам да и ги ставам. Така кога се спремав за Скопје ги земав обетките. Одма по три дена почнав да се распрашувам кај нас каде се дупнуваат каква е процедурата. И како и за повеќето ствари кај нас е „еден за се„ нема мастери нема компликации и филозофирања.

На Марта и ги дупнаа ушите во ТЦ Бисер под скалите каде што продаваат накит и часовници. Тука прашавме и ни објаснија дека вообичаено дупнуваат со два пиштоли наеднаш, но бидејќи е бебе па да не мрдне вообичаено е прво едното уше pa другото. Исто прашав во една златара во златната уличка и исто ми кажаа дека најубаво две одделно.

Така се спремивме еден ден и отидовме, претходно закажавме бидејќи во случајов кај Бисер дупнува само газдарицата таа е „мастерот„. Марта спиеше во кола цел пат и некако се разбуди пред да влеземе. Малку јас бев подисплашена па почнав да прашувам „колку ќе ја боли„, а „колку ќе плаче„… Мислам нормално е тоа. Седнавме, ми кажаа да и ги држам рачињата и да и ја фатам и држам главата на страна. Го обележаа местото и оп оп паууу и се направи дупчето. Марта почна да плаче по три секунди откако пукна пиштолчето. Некако ја смиривме мафтајќи и одма на огледало да се види. Јас ги имав заборавено играчките. Затоа кога одите понесете си тропкалки. Некако се потсмири иако не беше целосно и оп оп се наместивме и паууу и другото дупче. И за ова плачеше, плативме и излеговме. Право отидовме во продавница за играчки ахаха. Така тамо некако се смири ја занимавав со играчки и шаренило. Ни препорачаа да ја мачкаме со хидроциклин или некои други креми кои не ги запамтив, но ќе ви ги кажат. Се мачкаат пред спиење назад позади ушето и се вртат обетките колку да не закорави местото околу нив.

Кога го пишувам овој пост е веќе 4 ден откако сме со обетки и Марта нема никакви реакции нити ја болат ушињата, нити и се црвени, не се лути кога и ги допираш ушињата, носи капи, не се буни, како ништо да не се десило. А уствари сега е права Цурка ахаха.

Ние многу лесно поминавме без стресови и последици, затоа доколку се мислите дали да или не, не размислувајте дупнете си ги ушињата. Обично викаат на Благовец 07 Април или „прв ден Велигден„. Според народните верувања овој ден е благ, па и раната не боли, па затоа на малите деца им ги дупат ушите за обетки. Оваа година се паѓа недела па затоа е мала веројатноста дека некој ќе работи. Мене мајка ми ми кажа, но јас некако не можев да се водам според тоа него сакав сега додека сме тука во Скопје.

Има и мајки кои оставаат девојчињата сами да си одлучат дали сакаат или не кога ќе пораснат па свесно да си ја трпат болката. Јас тоа го оставив за ако сака трето дупче ахаха.

Доколку ви се допадна овој пост може да го шерувате на вашите фб профили со клик на ф под овој текст. Ако имат енекој совет искуство пишете во коментар под постот за „ставање обетки кај бебе„ на инстаграм или фб.

Ви благодарам многу,

Имајте убав ден,

Мери, Моја Фитнес МАМА

 

Автор: Мери Амбросова