Блог на една мајка

The Blog

Био млеко, билно млеко, РАСТИТЕЛНО МЛЕКО


Тие кои ме пратат на инстаграм знаат дека не пијам кравјо млеко и не го давам на Марта. Исклучиво во сите каши користам Био/ Билно/ растително млеко. Зошто не користам млеко можете да прочитате на оваа статија. http://mojafitnessmama.com/voveduvanje_mleko_kaj_bebe/

Доколку сте алергични на лактоза, вегани сте растително млеко е замена во сите рецепти во исхраната па и во кафето за макијато лате може да се користи слободно

Може да си направите дома или да купите. Купечкото реално е доста скапо се движи од 150-200 денари за 1 литар, во помало маковање во Македонија немам сретнато. Овде има малечки од 250 мл кои се 70 денари и тоа од ориз, кое е најевтино да си го направите и без отпад. Ретко кое купечко млеко е чисто. Ако завртите од назад ќе видите дека најголем процент е вода, а на пример житарката од 5-30 % застапена. Има едно кокосово млеко во конзерва кое е 400 денари во украина и е 80% кокосово млеко и тоа се разредува во вода и се добива поголема количина но пак не стои долгов време. Но од друга страна кокосово млеко не може да се направи во домашни условиа а да ги содржи сите нутритивни вредности. Остатоците може да ги ставите во колачи или каши.

Така да скратам..

Растително млеко може да направите од сите јатки (ораси, бадеми, лешници…), сите житарки (и од киноа може да си знаете :)), сите семки (сончоглед, семки, сусам, чиа..)… Кај сите принципот е ист. Семки и житарките доколку се од цело зрно се покиснуваат преку ноќ. Потоа се варат како по прозиции и потоа се додава вода. Мерката е отприлика 100 грама јатки или жита сварени со 700 мл вода. За засладувач се додава или две три урми или можете мед или некој друг засладувам, засладувач, урми, мед, може зачини цимет, мускатово оревче, куркума, ванилин екстрат. Блендате и процедувате.

Најекономично и најмалку отпад има оризовото млеко.

Оризово млеко

Ова млеко е хипералергено. За сите кои се алергени на некои од јатките или житарките ретко кој е алергичен на ориз. Интегралниот ориз необработениот ги содржи сите нутритивни вредности кои ги читаме за оризот. Затоа најубаво е да правиме од него млеко. Ако е интегрален оризот го киснеме првин преку ноќ, потоа го вариме како што е напишано на кесичката. Сварениот ориз 100 гр го додаваме во блендер со вода 800-1 литар вода и засладувач, урми, мед, може зачини цимет, мускатово оревче,куркума, на крај процедувате. Доколку е бел ориз не се покиснува однапред.

На ист принцип се прави и млеко од хељда исто се кисне, овес (ако е житарка овес се кисне ако е од снегулки не се кисне одма се варат, но како и оризот најубаво е да е баш од овес), и сите останати житарки

Бадемово млеко

Млекото од бадем е може едно од највкусните. 100 грама бадеми се киснат преку ноќ, се додава 800 мл вода и се бленда, се додаваат засладувачи по избор и зачини, се процедува. Вака се приготвуваат сите јатки,

Кокосово млеко

Едно од најлесните млека. Едно пакетче кокосови струшки ги потопуваме на 30 мин. Потоа тродупло ставаме вода и блендаме засладуваме и зачинуваме по желба, процедуваме. Тоа е тоа.

Млеко од сусам.

Едно од најздравите и најевтините млека. Може и да киснете сусам а и не мора. 100 грама сусам, вода 800 мл и блендате, засладувачи и зачини по вкус, процедувате. Ова млеко е богато со калциум, железо, витамин Б, фосфор, цинк.

Ниеден млечен продукт не се мери со него односно ниеден нема толку многу калциум. на 100 грама сусам содржи 783 мк калциум.

Млеко од семки од сончоглед

Богато со минерали и витамини а посебно вит. Д. Се прави само со сиров сончоглед несолен необработен. 100 гр семки се киснат и се блендаат со вода 800 мл и зачини и засладувачи. Секако се процедува

Можете од сите семки да направите па дури и од тиквени. Рецептата е иста како за семки од сончоглед.

Уживајте во растителните млека. Буквално од се може да се направи кога ќе ви здосади едно направете друго, Играјте си со зачините.

Растително млеко може да додавате во каши, палачинки, кафе во се како замена за кравјо млеко.

Доколку ве инспирира постов може да го споделите или доколку направите да ме тагнете на инстаграм.

Поздрав и останете здрави и весели.

Автор: Мери Амбросова