Блог на една мајка

Пораѓај!


Мислам уште кога ќе видиме тест за бременост одма почнуваме да читаме, распрашуваме како е на пораѓај. Дали е тешко или лесно, што се дешава. Како се наближува, така се повеќе и повеќе читаме, одиме по обуки, вежбаме дишење и се по ред. И на крај се забораваме ахаха. Мамулки чим сте женско значи можете да издржите се, да не сте можеле ќе сте биле машко. Запамтете силата е во вас и во никој друг. Женското тело е така дизајнирано да може да издржи пораѓај. Се ќе биде добро, најдобро за вас. Препуштете се во моментот. Доколку сте сега бремена уживајте во бременоста, галете го стомакот и пред да се породите измедитирајте. И запомнете туркајте како да какате.

И јас се убив од читање за пораѓај и како да се породиш. Овде се оди три до пет дена пред да се породиш. Кога ќе стигнеш 38 недела одиш на преглед и ти кажуваат кога да дојдеш да седиш во болница. Мене уште на 31 недела кога бев на ехо ми кажаа дека Марта е прилично големо бебе и дека е можно да се роди на крај на 38 недела. Така јас на 38 недела среда беше знам, отидов на преглед и бидејќи нареден викенд беше Велигден и гинекологот ми кажа „што ќе доаѓаш сега седи си дома за празникот дојди после него„. Но мене нешто ми велеше дека пред велигден ќе се породам, но викам ајде како кажат така. Среќа ме прати да ме прегледа бабица. Чим ме виде одма ми кажа оди дома спреми се и утре дојди.

Оваа слика е дел од фотосесијата кога јас бев бремена почеток на 38 недела.

Со сопругот случајно го погодивме датумот кога ќе се роди Марта. 

Така јас наредниот ден се спакував, бидејќи планирав 5 дена да седам тамо пред да се породам. Земав книги, лаптоп, таблет, облека за мене, за Марта, перница за трудници. Кога ме виде гинекологот се изнасмеа, ме праша и дали сум имала болки преку ден, кажав не. И така јас се сместив, си читав книга ми се пријаде, си отидов си купив сендвич, си го изедов. И отидов да си легнам. Некако ми дојде да медитирам и измедитирав и супер си викам леле баш ќе си одморам овде, не треба да чистиш, готвиш за мерак хахах. Пред да си легнам ми пиша една од најдобрите другарки како сум, што сум, таа ми кажа да туркам како да какам и така, се поздравив со нејзе и си легнав.

Накај 00 часот станав до тоалет и кога на шоља гледам како вода да ми тече, но не многу. Како да мокрам, но не можам да сопрам. Викам ај добро, море си реков да не е водењакот, па викам не е читав многу течело. Така јас си легнав и кога легнав оп оп уште еден налив на вода. И знаете што си реков „ уште не е водењак чекај ќе почекам„  и така си почекав. Земав книгата за трудници пак прочитав за како е кога ќе пукне водењак па на интернет и на крај се решив да одам кај дежурната сестра. И знаете што, она си спиеше ја разбудив и ајде и објаснувам некако дека ми пукнал водењак. И мртва ладна погледна на саат и ми кажа “рано ти е оди легни си, сабајле ќе се породиш„. Се зачудив и викам ајде ќе се вратам во соба ќе си легнам. Се вратив но почнав да имам болки на секои 10 минути. Така кога више видов и сигурна бев дека ќе се породам,  пак и се вратив на сестрата, но сега и нагласив дека мора да викне гинеколог да ме прегледа. Гинекологот дојде веднаш и ме искара зашто не сум ја викнала одма. Ме однесе на цтг,  јас више одвај одев од соба во соба застанував во ходник. И кога Марта немаше висок пулс за пород. Па ми правеа празнење на цревата е за ова беше потребна сестрата која не сакаше да стане, го направи ова и си отиде да си спие. Бог да чува. Потоа од таа соба морав да се симнам пешки по скали, и уште гинекологот ми вика ајде ајде, побрзо ќе се породиш ако одиш по скали. Верувајте дека одвај одев и стоев може и се дерев во ходник не се сеќавам. Влегов во собата за пораѓај легнав на кревет и дојде гинеколог одговорен за сите гинеколози и родилки, го викнаа од дома бидејќи Марта немаше добар пулс. Инаку во државен институт за трудници и новороденчиња се породив во Киев. Ми предложија царски рез бидејќи Марта нема добар пулс, а и е големо бебе, а јас мал стомак. Кој мал стомак, јас бев +25 кг и одвај одев, но не знаев колкав треба да биде. Но си викам добро може и мал ми е ахаха.

Јас многу сакав да се породам природно, но како засилуваа болките не ми беше битно дали царски или природно само да заврши. И така ми дадоа инфузија (се испостави дека железото ми е многу ниско, па на крај се чудеа како се породив природно) пулсот се забрза и решија да пробаат природно. Јас бев во шок ајдеее уште колку треба да трпам, и тука се покајав што не му кажав на сопругот да дојде со мене кога ќе се пораѓам. И кога ајде анестезија ќе ми ставаат, јас се понадевав дека ќе е анестезијата епидурална. Овде епидурална не предлагаат , кога закажував за пораѓање така остро ме погледнаа кога прашав за епидурална и ми објаснија доколку можам да издржам најубаво без нејзе. Но не обичен антибиотик изгледа ставија и уште ми рекоа сеа пробај да спиеш. Какво спиење жено божјо кога јас имам болки. На крај се испостави дека не ми влијае „анестезија„. И така јас си викав тие диши вака диши онака и на крај ми дојде гинекологот со пилатес топка. Е кога ја видов ми одеше да ја треснам. Ја буквално не можев да се мрднам да станам она пилатес  топка. Иако во бременоста мислев дека ќе повежбам и јога, да да сега само лежев и викав ахаха. Не знам од каде се појави сопругот , обавезно доколку имате можност да присуствува сопругот на пораѓај зимајте го со вас ќе ве масира и бодри, мене многу ми помогнаа масажите за грб. Болките продолжијаат  и јас почнав да викам дека ќе умрам, кога ќе ме породат, зашто не царски и ред други прашања и зборење како се без осет ме оставаат да се мачам ахаха. Гинекологот прво нешто што ми кажа беше „не раѓаш јаболко, бебе раѓаш„. Следно нешто што ми кажа беше дека Марта е бебе кое се труди само да излезе и дека ќе се породам за неполн час. Некако се утешив дека кај и да е ќе заврши, а плус моето бебе се труди а јас се лигавам. И така кога дојде моментот како да какаш, самото доаѓа, ме фатија да станам за на бокс, во спат од креветот до боксот ме соблекоа и облекоа во болничка породилна спавача. И така на бокс буткај буткај „туш туш„ бабицата ме бодреше на руски и тоа звучеше смешно,  а од друга страна ти е тешко и те боли. Иако оваа болка со таа претходната не може да се спореди. Оваа не е ништо. Значи најмногу боли кога главата на бебето поминува низ каналот.

На крај гинекологот ме праша дали може да ме пресечат, секако дозволив и наредниот пат кога турнав ја видов Марта како излага ја креваат и ми ја покажуваат, одма ми ја ставија на стомак. . И си го заврте главчето и си легна на мене. Неопислив момент. Бебињата е најбитно одма да се ставаат на стомакот на мајката за да немаат стрес и полесно да ја надминат болката и стабилизирањето од породот. Инаку ми олесна како да сум ослабнала 10 кг наеднаш хаха. Полека му кажаа на сопругот да ја пресече папочната врвца. Тука тоа е како посебен чин. Така ја пресече. Се сликавме така настана главната слика на овој пост. Сопругот пресреќен, а ја мртва ладна не знам што се случило, но едно знам бев полесна, ми олесна наеднаш. Не го пропуштајте моментот доколку можете да го видите бебето како излага од вас. Јас бев во шок како може природата да го создаде тој чин, тоа совршенство на раѓање  на ново суштество. Доаѓање на овој свет. До сега сте биле едно и од овој ден се подалечни и подалечни ќе станувате. Раздвојувањето и осамостојувањето е неминовно. Затоа колку и да се тешки тие први денови, верувајте на бебето му се уште потешки. Тоа ништо не знае ни кај е, ни што е ни зошто е. И запомнете тоа ве одбра вас за мајка никој друг, вас. Имајте го тоа на ум. И еден ден тоа бебуле ќе трча, ќе ве нервира, ќе си замине од вашиот дом и ќе имате време за себе и куќата ќе ви е чиста, но тогаш ќе го барате тоа бебуле….

Ми ги проверија градите дали ќе имам млеко и се воспостави дека ќе имам. Многу е битно да ви ги стиснат брадавиците одма чим се породите за да го подбутнете млекото. Марта си лежеше на мене и ме сошија ова исто така боли, не ми делуваше ни оваа анестезијата. Но секоја болка сега беше пролазна кога Мартули лежи на мене со главчето и со рачето ме допира. Многу е битно да те сошијат убаво, побрзо ќе почнеш да одиш и плус полесно ќе ти се опорави органот. Откако ме сошија ме оставија да поспијам на бокс, а јас не можев од возбуда морав на сите да им кажам дека се породив во 7:05. Во рок од 6 саати или 4 саати откако влегов во собата за породилно. Никој не знаеше дека добив болки освен сопругот, не сакав никој да знае никој да не ме мисли.

А да заборавив да ви кажам дека потоа се сетив дека јас имав болки низ целиот ден дома, но мислев дека Марта клоца, плус бев презафатена во чистење, готвење и спремање. Потоа прочитав дека болките почнуваат еден ден пред да се породиш. Но јас имам висок прак на трпење болка, а и плус сите викаат колку многу боли. Мамулки боли на крај, на почеток и не е болно толку многу . И секоја болка можете да ја издржите и секако ако сте го прочитале постов, а сте бремени запамтете во вас е силата, не размислувате дали природно или со царски едноставно препуштете се, КАКО Е НАЈДОБРО за вас така ќе биде.

 Ова се работи кои треба да ги запамтите

–          Опуштете се, ќе биде најдобро за вас и вашето бебе
–          Силата е во вас
–          Буткајте како да какате
–          Ако можете не викајте кога ќе имате болки
–          Доколку имате можност викнете го сопругот да ве масира додека имате болки, ненормално помага
–          Бебињата е најбитно одма да се ставаат на стомакот на мајката за да немаат стрес и полесно да ја надминат болката и стабилизирањето од породот.
–          Многу е битно да ви ги стиснат брадавиците одма чим се породите за да го подбутнете млекото.

Автор: Мери Амбросова