Блог на една мајка

The Blog

Наполеон – Торта


Ова е торта што ќе ве освои на прво парче. Какви торти и да сакате оваа ќе ви е омилена дефинитивно. Ако одите на исток обавезно да ја пробате. Има и убави и неубави варијанти се надевам ќе ја погодите најубавата. А до тогаш направете си една за вас дома. Преубава е оваа со доленаведената рецепта и постапка. Не треба некоја надареност.

Кога дојдов во Киев долгов време само ја гледав односно гледав како други ја јадат, бидејќи јас се чоколадни торит јадам. Кога ја пробав толку стана омилена, ја има и во чоколадна варијанта ама оваа во бела е најубава. Па така кога се частам некогаш се частам со парче Наполеон.

Доаѓа 8 Март па еве рецепта и вие да се почастите :).

Потребни состојки за тесто:

  • 1 пакетче маргарин јас ставив путер, овде е како о викаат масло. Маргарин не сакам да користам
  • 2 чаши за вода бело брашно, при месење си додавате да имате убаво тесто кое не се лепи
  • 2 јајца и два прста вода во чаша додатете
  • 1 лажица оцет

Путерот го сечкате пожелно да е претходно малку омекнат на собна температура. Ги ставаме останатите состајки и замесуваме. Треба да добиете тесто кое не се лепи. Го стабате тестото во фрижидер на два часа. Или може навечер да го ставите а утредента да ја правите тортата. Можете и да направите прво топчиња па да ги ставите во фрижидер.

По два часа од тестото вадите топчиња кои ги расукувате јас добив околу 10 топчиња. Ги расукувате и потоа сечете или кругови или кватрат или правоаголник. Јас имав обрач па со обрач сечев. Имајте во предвид дека малку се собираат за време на печење. Потоа со вилушка или нож го боцкате тестото. Еве како на сликата.

нормално си го сукате со сукало топчето одоздола брашно и го превртувате да не ви лепи на сукало. Потоа го боцкате.

Одма чим го исукате првото топче го ставате на плех со хартија и го печете околу 10 минути на загреана рерна. Ги спремате останатите топчиња. Јас имав две тепсии и само вадев ставав. Додека ги печев го спремав и кремот.

Состојки за крем

  • 1 литар млеко
  • 4 јајца
  • 250 грама шеќер
  • ванилен шеќер пола лажичка
  • 50 грама бело брашно
  • 100 гр путер

Млекотот го ставате да зоврите, јајцата и шеќерот ги матите, го додавате брашното и пак со миксер. Потоа откако ќе зоврие млекотот, дел од млекотот 300 мл на пример ја отприлика ставив во смесата со јајца, шеќер и брашно. мешате и потоа целотот тоа го додавате во остатокот од млекото и на рингла мешате тоа врие вие мешате додека не се згусне така средно. Не е густо баш. На крај го додавате путерот. Потоа го ладите подингот.

Се испекле корите и кремот е оладен и редите. Кора, крем, кора и се така оставете две кори искршете ги и сонив украсете ја тортата одозгора и од страна.

На здравје.

Превкусна е и лесна за јадење, но калорична, па само за празници, идеална за 8 Март.

Доколку ја направите пишете ми тагнете ме на инстаграм.

Поздрав и убав ден.

Автор: Мери Амбросова