Блог на една мајка

The Blog

Медитација во бременост!


Мамулки прво нешто што треба да направите кога ќе видите дека сте бремена е да почнете да медитирате ако не сте медитирале претходно. Спокојот што ќе ви го даде медитацијате не може ниедна класична песна, ниедно цртање да ви го донесе. Да не кажам дека енергетски го полните и бебушот во вас. Се ќе оди полесно и полесно. Верувајте ми нема да зажалите за ниту една секунда помината во медитација. Доколку не сте медитирале за вас почнете да медитирате за вашето бебе. Целата бременост ќе ја поминете во мир, расположение и спокој, а бебуш е различен кога мајката медитира и кога не медитира.

 Еве неколку придобивки од медитирање во бременоста.

1.За мирна мамулка

Ќе го намалите стресот доколку го имате, буквално се ќе ви е рамно. Ќе имате мирна бременост. Медитацијата сама по себе го намалува стресот. Сите стресни мигови околу контроли и тестови за време на бременост ќе ги поминете посмирено, сите проблеми околу вас, на друг начин ќе ги посматрате…

2.Развој на бебуш

Бебушите кои нивните мајки медитираат се развиваат побрзо, и моторика и умствено.

3.Здраво бебе

Докажано е дека бебињата се повеќе здрави кога нивните мајки медитираат. Ова не ме чуди бидејќи и вие да медитирате ќе сте поздрави. Енергетски ќе се излечите од се.

4.Бебето гради подобар имунитет

Ќе имате бебе со јак имунитет.

5.Утринските мачнини ќе се намалат

Полесно ќе се справувате или воопшто ќе ги немате утринските мачнини. Наутро кога ќе станете отворете очи и одма затворете ги и медитирајте.

6.Мирно бебе

Секако дака ако вие сте смирена и без стрес, и вашето бебе ќе е такво и во стомак и откако ќе се роди. Тие, се чувствуваат и доколку вашето бебе е неспокојно тоа е знак дека и вие сте неспокојни. Затоа крст нозе и медитација.

Мое искуство:

Со медитација се занимавам 5 години, пред бременоста многу медитирав и за време на бременоста се до 9 месец кога више не можев да најдам удобна положба. Буквално имав прелесна бременост, се одеше како подмачкано. За каква бременост имав може да прочитате во нареден пост. Иако спремав свадба сама во рок од два месеци, се преселив, опремувавме стан, сама бев дома скоро цела бременост, сопругот често беше на пат. Марта е навистина мирно бебе од самиот почеток. Откако се роди, морам да признаам дека помалку медитирам, но се трудам барем еднаш во денот да измедитирам. Некогаш ми успева некогаш не. Но чим се фатам дека не сум добра, одма се фрлам на медитирање или почнам да се нервирам или нешто ме нервира. Тоа е знак дека сум забушила ахаха. За спиритуални искуства и придобивки можам да пишувам до сабајле, затоа  ќе застанам овде.
Нема да делам совети како да медитирате. Само ќе кажам дека имате и бесплатни медитации на интернет и youtubeНо доколку сакате да сте редовни и да имате резултат и да навлезете спиритуално во целата работа потребен ви е спиритуален водич/учител. Ќе си скратите доста во време доста и промената ќе дојде побрзо. Ќе имате кој да ве насочи, мотивира и води.

Автор: Мери Амбросова