Блог на една мајка

The Blog

Здрав леб, лепчиња – без бело брашно и без квасец


За сите кои не можат без леб. Ова е рецепт кој се прави лесно 5 минути за смесата и 20 се печат, превкусни се .. Може за дечиња и да правите сендвичи со зеленчук, месо, хумус и ќе добиете превкусен доручек. Превкусни се и со домашен џем. Од оваа доза излегуваат 7 топчиња. Едно топче е околу 115 калории.

 

Состојки:

  • 200 грама брашно од цело зрно
  • 20 гр трици, овесни или било какви, можете да пробате и со сомелен овес
  • 2 белки, жолчките ќе ги употребите за да ги премачкате одозгора
  • 170 мл кефир 1%
  • прстофат сол
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • сусам за одозгора.
  • можете да додате сусам или семки по ваш избор

Во кефирот ја додавате солта, белките и солот, потоа брашното, триците и содата. Го замесуваме убаво правиме со раце топчиња ги премачкуваме со жолчка и ги печеме 20 минути на 180 степени

 

Пријатен апетит

Кој прави нека се пофали со таг на @mojafitnessmama или пишете во порака.

Автор: Мери Амбросова