Блог на една мајка

The Blog

Активно или Хиперактивно дете, синдром АДХД


Тие кои ме следат подолго на инстаграм знаат дека Марта рано прооде, реално е брза за нејзина возраст, моториката некако брзо ја совлада. Многу трча е во движење, се качува… Летоска во парк на година ипол сите коментираа колку е активна дека само се движи… Да скратам не дека ја фалам или дека ја истакнувам но сакам да ве приближам кон ситуацијата. Многу кои ја гледаа на инстаграм почнаа да ми пишуваат “совет за хиперактивно дете„ или да прашам совет за хиперактивно дете. На сите им пишував да се обратат кај невролог, дефектолог, психолог детски кој ќе ја утврди дијагнозата.

Се сеќавам дека Бојана (Мој Психолог) уште Марта само што прооде некаде по месец два дискутиравме на тема активност и баш ми кажа да не и ставам назнака Хипер дека е само активна. Тогаш не обрнав на ова внимание, но подоцна кога почнаа да ми пишуваат мајки почнав да се запрашувам да видам која е разликата. Прво не се посомневав дека е хиперактивна Марта бидејќи одиме на часови за развој и тамо одма би реагирале ако е хиперактивна. Но сакав да ги видам разликите кои се. Со вас споделувам тоа што го истражив. Јас не сум стручна за ова и вие не треба да донесувате заклучоци врз база на текстов. Него да си побарате потврда од стручно лице.

Не треба доколку е вашето дете активно трча, скока, е во движење истражува одма да му ставите етикета Хипер. Доколку е хиперактивно детето треба да почнете со методи за надминување со консултација на стручно лице.

ГЛАВНИ РАЗЛИКИ

Активно дете може да е активно да скока да се движи но и да е заинтересирано за одредена активност предмет играчка. Тоа не е насекаде и секогаш активно. Активно дете може да го контролира своето однесување и да следи инструкции доколку е во согласност со неговата возраст

Хиперактивно дете секогаш и насекаде е во движење, дома, надвор, на лекар, ако не трча, тогаш се врти, се тресе, се движи бесцелно, без притоа да може да сосредочи внимание на предмет кој него му е интересен.

Него му е исклучително тешко да следи упатсва, да ги контролира постапките, да седи на едно место, да молчи. Хиперактивно дете поставува многу прашања, прекинува, без да го сослуша одговорот, скока од едно на друго пршање. Често можете да видите како прави неразумни движења, само работи, трча некаде, постојано се движи. Дури и кога е уморно, продолжува да се движи.

Ниедно убедување, закани и охрабрувања не влијаат на него. Тоа едноставно не може да се запре.

Хиперактивноста не е поврзана со интелектуалноста. Овие деца може да се многу способни и надарени, но нив им е тешко да се сосредочат на работата.

Главна разлика помеѓу активно и хиперактивно дете е тоа што „активноста„ кај хиперактивното дете не е карактерна особина, туку последица на одредени нарушувања.

КОИ СЕ ПРИЧИНИТЕ за хиперактивно дете а и АДХД

Има поделени мислења но овие се главните

  1. генетски фактори и компликации при раѓање (испреплетување на папочна врвца, неправилно поставување на фетусот, болести од кои страдаат децата во првите месеци од животот.
  2. ризична група се и предвремено родените бебиња, бебиња родени при тешки породи, хронични заболувања на мајката
  3. се почесто се дијагностицира Синдром на дефицит на внимание и хиперактивност СДВХ или ADHD. Статистички податоци покажуваат дека АДХД синдромот е застапен од 4 до 18 % кај децата и овој процент постојано расте како и хиперактивноста кај децата. Колку порано се открие овој синдром толку подобро. АДХД е најчеста причина за нарушување во однесувањето и тешкотии во учење во период предшколска и школска возраст, овие деца имаат проблеми во односите со другите врсници, како и ниска самодоверба.

За востановување на овој синдром и негово надминување задолжително е посета на стручно лице – невролог а не на своја рака да се установува и превземаат мерки.

Ова се неколку критериуми по кои можете сами да видите дали е застапен овој синдром кај вашето дете. Ова се критериуми од американските психолози П. Бејкер и М. Алвард.. Ова се критериумите невнимание или дефицит на активно внимание, хиперактивност, импулсивност. Доколку минимум имате 6 појави од доленаведените пред 7 годишна возраст на дете и траат 6 месеци може да се каже дека е хиперактивно.

невнимание или дефицит на активно внимание

  1. не може да задржи внимание
  2. не слуша кога му се обраќаат
  3. со ентузијазам ја започнува задачата, но не ја завршува
  4. не може да се организира
  5. често губи работи
  6. избегнува здодевни и ментални задачи
  7. расеаност

хиперактивност

  1. постојано е во движење
  2. не седи мирен и кога седи мора да тресе, да прави нешто со раце нозе
  3. од новороденче малку спие за разлика од неговите врсници, тешко се смирува, тешко заспива
  4. многу зборува

импулсивност

  1. не го дослушува прашањето а почнува да одговара на него
  2. често прекинува некого не може да дочека да дојде на ред
  3. нема фокус
  4. не може да ја дочека наградата на пример ако треба да е награден за нешто
  5. не може да си го контролира однесувањето

Обично овој синдром се јавува од 3-5 година но има некои предзнаци кои можат да ви дадат наговестување.

Предзнаци во 1-та година

  • детето е постојано активно
  • ретко е мирно додека е будно
  • често вреска
  • му сметаат надворешни звуци материјали, звуци, допири се гледа дека го нервираат
  • намален апетит
  • нема фаза ползење
  • не дозволува да го допреш, носиш, погалиш

Предзнаци во 2-та година

  • постојано е во движење
  • има чудна љубопитност
  • подготвени се во секоја минута за некои чудни невообичаени активности
  • напорен е за другите
  • бестрашно смел што може да предизвика повреда несреќа
  • не се врти кога му се обраќате

предзнаци во 3 -та година

  • детето постојано е во движење
  • покажува агресија
  • се појавува силна тврдоглавост
  • крши постојано играчки
  • во чиста просторија одма ја растура

Треба да се направи разлика во тврдоглавоста која е нормална за дете (тогаш детето може, но не сака), додека кај хиперактивното дете тврдоглавоста е ( сака но не може). Првиот недостига воспитување или едноставно да се убеди дека не е во право, додека кај хиперактивните деца тоа е поради физиолошки и психолошки нарушувања кои бараат третман и корекција.





Еве неколку чекори како да му помогнете на детето

  1. убаво организиран ден со задолжителни физички активности на детето. Дали ќе оди надвор или на спорт или на играње да има каде да ја потроши енергијата
  2. секогаш да се пофали кога ќе сработи нешто до крај, Но на почеток да не му се дава захтевни задачи него лесни и кои не траат долго.
  3. кога го карате не го карајте со реферати. него кратко јасно објаснување за да може да ве дослуша. Никако да се кажува од типот „сто пати ти кажав не така, ти си хиперактивен„ никако да се напоменува тоа, зашто овие деца се посебно чуствителни
  4. не го преморувајте детето. Кога е преморено губи самоконтрола и се зголемува хиперактивноста. Не го носете во гужви со многу народ, гужви ја предизвикуваат хиперактивноста. Запомнете дека се што прават овие деца не го прават со план и не се спремни за последиците кои ќе настанат.
  5. Дадете му на детето јасно определена задача која не трае долго. Охрабрувајте го да ја заврши и секако пофалете го.

Секако доколку се сомневате на хиперактивност консултирајте се со специјалист. Бидете спремни да ја прифатите ситуацијата и да го прифатите таквото дете, да соработувате со специјалистот за надминување на хиперактивноста, подржете го детето. Но никако не ставајте му етикета на дете кое е активно дека е хиперактивно или дека има синдром АДХД





Автор: Мери Амбросова