Блог на една мајка

The Blog

ХЕМАНГИОМ КАЈ БЕБЕ


Мислам дека секој ден по една мајка ме прашува на оваа тема. Или нејзинотот бебе има или бебето на нејзина блиска особа. Очигледно е дека во денешно време многу бебиња се раѓаат со хемангиом и тоа не е само во Република Македонија него и овде. Претходно не сум ги забележувала, но откако има Марта почнувам да ги гледам. Посебно летно време кога сите шетаат. Обично ме прашувате за моето искуство и што ми кажале докторите. Пред се јас можам да кажам за хемагиом кој е на лицето на челото кај што има и Марта.

Јас имав многу лесна бременост и без никаков проблем, освен што шеќерот на 7 месец ми беше на граница но не покачен до 9 ми се среди се останато беше нормалано. Многу мајки се обвинуваат себе си, но нема никакви докази ни наоди од што се појавуваат овие хемангиоми. Затоа мајките не треба да се обвинуваат себе си.

Марта се роди супер немаше никаков белег ништо, јас не ни знаев за ова. Иако после некое време кога гледавме слики само на камера се гледа како потенка кожичка на тоа место но само на камера со голо око не се гледаше. И така ми ја носеа првите два дена во 06, 10, 14, 16, 21 часот на цицање. Третиот ден ми ја донесоа во 06 супер се и кога во 10 часот ми доаѓа друга сестра бидејќи се сменила смената и Марта со флека на челото. Јас одма кренав паника дека ми ја удриле или изгореле. Они сами ми кажаа дека покасно доктор да прашам. Дојде докторот и ништо ми кажа само „почекај има време за тоа„. Јас пак упорно како после дајте кажете што е и кажаа дека е хемангиом. Е добро луѓе хемангиом чаре има ли? Ништо сите викаа ништо ништо. Јас искрено се помрднав првите месеци како ништо а гледаш дека расте. И така до 10 ден пред да си одиме од болница веќе и беше и црвено и пораснато.

Ова е Марта како новороденче кога прв пат почна да и се приметува. На првата слика мислам дека не се гледаше со голо око. Само вака на камера, а на долната веќе се приметуваше.

После еден месец не пратија на специјалист за хемангиоми кај деца. Прво нешто што проверија беше дали има на друго место односно на телото. Марта немаше. Доколку има тогаш тоа го сметаат како нешто понапредно. Ни кажаа дека нашиот хемангиом не е страшен и оние кои се на лицето не се толку сериозни како на телото. Во главно е најбитно да не расте повеќе од што расте бебето. Исто никако да не биде изложено местото директно на сонце.

Јас на почетокот бев многу загрижена, овој прв доктор го прогласив за неспособен, бидејќи ништо конкретно не ни кажа. Дури ни кажа сликајте ми ја на 3 месеци ќе ви кажам дали има потреба да доаѓате. На 3 месеци пративме слика ни прати чекајте не е страшно, дека до 7 месец ќе треба да почне да се смалува. И од 7 месец се почнува со терапија доколку е потребна

Мајка ми се распраша и кај наши педијатри и доктори исто ни кажаа дека поминува само. Една моја пријателка ми пиша и за Тимолол капки за очен притисок да се мачка и дека има случаи кога поминува брзо. Јас прашав овде доктор ми кажаа може, но најдобро е само да исчезне. Во принцип не е страшно го забрзува намалувањето. Во случајот на пријателката на бебето му избледело за рок од два месеци.

Некаде 4 месец Марта спиејќи се имаше изгребано и раскрвавено јас кренав паника, но хирургот ни кажа дека не е страшно и да го раскрвари. Така на 7 месец отидовме во приватна клиника кај специјалист кој работи во Америка а овде е само на неколку месеци. Тој ни објасни дека нашиот хемангиом е во екот односно го достигнува врвот. А тоа е кога е набабрен и е бордо црвена боја, но има како бело испукано на низ него.

Ова е во екот кога беше најмногу црвено накај бордо и сеуште расте но на краевите пука што е добар знак.
Овде ако загледате има во средината бело тоа е знак дека ќе престане да расте и ќе почне да спласнува па собира.

И стварно по еден месец почна бојата да бледее и да спласнува. Тогаш прашав од што се појавува и ми кажа дека порано само 10 % од новороденчињата имале хемангиом, а сега последните 10 години тој процент е од 40% до 60% има шанси бебето да има. Најверојатно поради лошата храна и се што има Е во состав на производи да избегнувам. До тогаш си дозволував благо и некои нездрави продукти ама откако ова ми го кажа више престанав да ги конзумирам. Ми покажа слики кај деца кои хемангиомот расте повеќе од растот на детето во тие случаеви преземале терапии и ласери. Но нас тоа не ни требаше и со вакви случаеви не сум запознаена. Но ако се решиме на ласер тоа би било после годинка но и белегот од ласерот се чека да го снема. Бидејќи јас бев потресена тој сами ми кажа „девојче трпение и верба во господ ќе помине не се секирај„.

Е сеа околината и роднини сите мислам дека прв пат видоа вакво нешто кај бебе. Па имав прашања од типот „А да не си украла нешто„ или „ А до кога ќе е ова„, или „Леле каде ја снајде, па девојче е„. Така да бидете спремни на се. Сопругот и ден денес уште се грижи да не и остане белег, или како ќе реагира Марта кога ќе е поголема, а ќе види дека имала. Па поради тоа цела новогодишна сесија порача да и направат фотошоп и да и го избришат. Така да имаме сеа и со и без хемангиом. Јас на почетокот бев испаничена, но на крај прифатив сега дури и не го приметувам. Моментално Марта прави годинка и мислам дека до две три максимум ќе и го снема. Во фаза на повлекување сме, односно ќе видите на главната слика на постот не е толку црвено и не е набабрено како и има малку бело распукано. На мајка ми педијатар и имаше кажано дека на челото излегува поради тесен канал при пораѓај и дека главата се притиснала или бабицата ја притиснала и пукнал капилар. Искрено да не грешам душа ова ништо не ми значи односно никој друг не ми го потврди но ете како информација.

Подетално за хемангиом може да најдете на интернет јас не сакам да се задржувам на тоа него сакам да го напишам моето искуство.

А сега подоле на една мајка која на нејзиното бебе малтене и е поминато.

Мојата малечка се роди со хемангиом на левата рака. На почетокот многу ме нервираше кога ќе ја видеа сите за тоа прашуваа “што и е на раката” потоа “си украла нешто во бременоста нели така се појавуваат белези” се чувствував виновна потоа кога отидовме на педијатар ни кажа дека е хемангиом дека ќе се повлече само од себе да не го мачкаме со ништо. Потоа не му обрнував внимание исто како да го немаше со тек на време хемангиомот стануваше поголем и поцрвен, но не губев надеж после деветиот месец почна да избледува по малку педијатарот ни рече до 3-4година ќе избледе и нема да се приметува.

Ова е како изгледало и како сеа постепено го снемува. Каде што е кремата така уствари бледее и се повлекува.

Многу мајки ми пишаа како се избезумени и не знаат што да прават. Не треба да се обвинувате, прифатете ги децата такви и со тоа. Не ги мачкајте со ништо, смирувајте ја околината, внимавајте на сонцето. И на крај вашето бебе има печат од господ. Јас стално викав моја Марта е обележана мора да е посебна ахаха. Па ако не се утешиме самите кој.

Се надевам ви помогна мојот пост

Автор: Мери Амбросова