Блог на една мајка

Ѓумбир


Кога дојдов во Украина приметив дека многу пијат чај од ѓумбир и општо многу го користат како свеж во исхраната. Затоа решив да напишам пост зошто е здраво да го користиме.

Ѓумбирот се користи како природен лек од многу разлилни култури низ светот, бидејќи помага при лечење и оздравување и зајакнување на организмот.. Ѓумбирот подмладува, озвежува, обновува.

Се користи исто доколку имате мачнини па и некои го користат при борба со ракот.

Користа од ѓумбирот доаѓа пред се од големата содржина на антиоксиданси. Ѓумбирот содржи 25 различни што е висока бројка иако и други зачини содржат и се извор на антиоксиданси ѓумбирот е еден од водечките.Поради тоа е ефикасен во борбата против различни болести во различни делови од телото.

Не е многу познато меѓу народот дека ѓумбирот има поголема концентрација на антиоксиданси од било кое овошје и зеленчук. Ѓумбирот има само 80 калории на 100 грама и не содржи холестерол, а е богат со многу важни нутритивни вредности како Б6, Б5, калиум, манган, бакар и магнезиум. Има јак и остар вкус бидејќи содржи во себе есенцијални масла и во составот има 6 6-shogaol  кои го штитат мозокот.

Ѓумбирот е исклучително ефикасен против гадење и повраќање предизвикани од најразлични причини:

  • утринска болест во бременоста,
  • хемотерапија,
  • гадење предизвикано од возење и движење, i
  • гадење во постоперативниот период

Различни студии докажале дека ѓумбирот може да биде исто толку ефикасен, со помалку несакани ефекти, како драмамин (димигал).

Исто така, има изразен антиинфламаторно дејство, така што е многу добро против болка. Маслото од ѓумбир се покажало како одлично средство за болка за лица со остеоартритис. Една студија од 2013 година открила дека земањето 3 грама ѓумбир или цимет спречува воспаление на мускулите кај спортистите и е исто така одлично за ублажување на менструалната болка кај жените. Потенцијалот на ѓумбир при елиминирање на болката оди уште подалеку. Покрај тоа што помага при болки во мускулите и зглобовите, откриено е дека ги ублажува главоболките во хронична мигрена подобро од повеќето лекови во употреба, со далеку помалку несакани ефекти.

Во неодамнешната студија објавена во 2015 година, во која биле вклучени 41 лице со дијабетес тип 2, земале 2 грама ѓумбир на ден, и имале намален скок на шеќер во крвта за 12%. Исто така, драматично го подобриле HBA1C, маркер за долгорочно ниво на шеќер во крвта. Истата студија открила дека 12 недели од терапијата исто така значително се намалиле маркерите кои покажуваат фактор на ризик за срцеви заболувања.

Антивоспалителните својства на ѓумбирот несомнено го прават корисен во многу хронични воспалителни заболувања, вклучително и рак. Навистина, една студија објавена во британскиот весник на исхрана покажала ин витро и ин виво антиканцерогено дејство на ѓумбир, што укажува на неговиот позитивен ефект против ракот на простатата. Другите студии покажаа активност против тумори кои можат да помогнат при многу тешко лекување на видови на карцином, вклучително и карциноми на белите дробови, јајници, дебелото црево, дојка, кожа и панкреасот. Покрај тоа, поради неговата можност да ги спречи токсичните ефекти на многу супстанции (вклучувајќи лекови против рак), корисно е да се вклучите во редовна терапија.

КАКО ДА ГО СПРЕМАТЕ ВО ИСХРАНАТА

Ѓумбирот претрпува некои промени за време на процесот на сушење и мелење, но сепак нуди многу придобивки и дефинитивно е одличен да се воведе во исхраната во која било форма. Методот за мелење на ѓумбир ја намалува количината на ѓумбирот, но се зголемува нивото на други здрави соединенија, како што е shogaol, кој исто така има многу импресивен здравствен ефект, во споредба со ѓумбирот.

Еден од најлесните начини да внесете ѓумбир во вашето секојдневие е чајот од ѓумбир. Едноставно исечете неколку прстени и истурете топла вода, можете да го варите, да додадете лимон, мед кога ќе се подизлади и цимет.


Може да го излупите коренот и да го рендате да го додавате во друг чај или јадења. Можете да направите и Саси вода. Вода лимон, ѓумбир и краставица и нане.

За настинка убаво е да изрендате или исечкате ѓумбир и лимон и да измешате во тегличка. Малку мед и во текот на денот да си јадете од тоа.


Свеж ѓумбир може да се чува во фрижидер најмалку три недели или повеќе од шест месеци во замрзнувачот.


Експериментирајте со додавање ѓумбир и цимет во чајот, наутро, после јадење или навечер.
Може да забележите некои здравствени придобивки што ги опишавме.

Автор: Мери Амбросова