Блог на една мајка

The Blog

Доење – искуство


Овој текст е за сите нови мајки кои немаат искуство во доењето. Сакам да ви го пренесам моето искуство и каде згрешив јас, за да не ги повторите и вие грешките.

Пред да се породам читав околу доењето но некако мислев дека ќе оди природно дека ќе е безболно, дека нема да имам никакви проблеми. Многу сакав да дојдам и поради тоа бев на се спремна од самиот старт. Се породив во Киев Украина во државно приватна институција. Породот помина во најдобар ред за него можете да прочитате на следниов линк http://mojafitnessmama.com/poragaj/ . Одма ми ги притиснаа брадавиците и ми кажаа дека ќе имам млеко бидејќи имав колостриум. Се израдував многу. Ми ја донесоа Марта два часа после пород за да цица, дојде сестрата ми ја легна Марта и и ја стави брадавицата само, но не и кружниот дел. И така цел ден се мачевме, вториот ден случајно, тетка ми ми кажа да ја ставам целата, но веќе беше касно бидејќи имав рани на двете гради. Се мачкав со Ланолин но имав премногу болки цели три до четири недели. Како што ќе цицаше одма се мачкав и менував страна. Кога ќе завршевме седев со лесна облека или гола. Марта цицаше на почетокот нон стоп и на 10 минути што не препорачуваа педијатрите, но јас не гледав никаков друг начин бидејќи ми беше многу гладна.

Марта не сакаа да ми ја дадат до 3 ден да е со мене во соба, а нејзе ми ја носеа на периоди ( 06, 10, 14, 17, 20, 00) остануваше по пола саат. Гладна ми ја носеа, но за пола саат не успеваше да ги стимулира градите и не ми дојде млеко до 5 или 7 ден. Откако ми ја дадоа да е цело време со мене, ми забранија да давам адаптирано млеко. Првата вечер беше ужасна, плачеше цела ноќ јас и давав да цица но залудно.  Во 06 часот сабајле  дојде сестрата на посета и ми кажа „леле гладно ти е детето зашто не му дадеш да јада„. Многу се разочарав зашто јас цела ноќ и давав да цица а таа повторно гладна. Ми кажа одма давај адаптирано млеко. И така до 5 или 7 ден давав адаптирано млеко еднаш дневно само пред спиење. Кога видоа дека проаѓаат денови, а јас немам млеко ми испратија специјалист по доење да ми ги измасира градите. Јас нон стоп прашував да не треба нешто да правам за да ми дојде млекото, до тогаш се кажуваа не ќе имаш не се грижи. И кога наеднаш дојде масерката реков „е фала ви текна„. Чим ми ги измасира одма ми проби млекото. Златни раце има жената.

Кога дојде млекото конечно измерија колку имам и кажаа дека имам доволно. така забранија адаптирано млеко да се дава. Но наредниот ден увидоа дека Марта е ослабната 600 грама и наеднаш кажаа давај адаптирано млеко после секое цицање. Така давав адаптирано додека не излеговме. Не пуштија 10 ден со зголемена килажа и кажаа, толку престани го адаптираното, не е убаво да се даваат двете. Јас бев многу изнервирана зашто не е лесно наеднаш да го престанеш. Кога дојдов дома Марта цицаше нон стоп и нон стоп плачеше додека не и дадев адаптирнао млеко. Така после првиот ден седење на цицка по цел ден, решив дека ќе давам адаптирнао млек,  но ќе го намалувам постепено. Овие денови беа ужасни, она плачеше нон стоп, нон стоп барање да цица. Јас не знаев имам ли доволно млеко или не. Се измолзував, за саат 30 мл млеко од една града, се изнервирав и престанав да се измолзувам. Педијатарот препорачуваше цицање на два саати по 20 мин на една, 20 на друга страна и да намалувам да стигнам до 10 минути, а мене Марта на 10 минути бараше да цица по 1 саат седеше.

Буквално по цел ден цицаше, навечер се будеше и плачеше, исто долго цицавме. Од околината бев осудувана дека давам и адаптирано, дека многу ми седи на града. Така почнав да прашувам познанички кои имаа дете и доеле како било првите денови. Ме утешија дека ист случај, по цел ден на града било и кај нив. Ова ме утеши доста. Така постепено адаптираното млеко го исфрлив преку ден остана само за заспивање. Ќе напоменам дека некогаш ќе цицаше и ќе заспиење, па ќе станеше за 10 минути и немаше да и дадам адаптирано млеко него цицаше пак. На пример ако сум давала 40 мл адаптирано, постепено го намалував и стигнав до 10 мл и погаш го укинував за тоа спиење. Одвикнувањето од адаптирано млеко најтешко ми падна.

Од една страна цел ден цица и плаче, брадавиците рани, таман си ја надоил дошло време за повторно цицање. Од друга страна спас ти е адаптираното млеко зашто ем немаш болка ем дете најдадено. Но големата желба Марта да цица ми даде сила да истрајам во најтешките моменти.

Околу количината на млекото во целиот хаос со одвикнувањето од адаптирано млеко си го поставував прашањето „имам ли доволно млеко„. Кога видов дека плаче многу после доење и бара адаптирано млеко, почнав да пијам чај за доилки, но млекото не ми се зголеми. Секако јадев само здрава храна (овде имаат посебна исхрана за тоа во друг пост), се што прочитав за зголемување на млекото а беше во вид на храна пробав. Пиев чај и јадев се што требаше но Марта сеуште плачеше сеуште не и беше доволно. Буквално бев очајна од една страна Марта гладна не може без адаптирано, од друга страна знаеш дека треба да го престанеш. На крај од една блогерка видов за апчиња за доилки (ќе ги најдете во РМ под името Лактил). Одма сопругот ги купи и за еден ден осетив зголемување на млекото и од тогаш полесно некако ми одеше во одвикнувањето од адаптирано млеко. Се пие една доза и се прекинува. После нив прекирав и со чајот. Од исхрана најмногу имав приметено дека од тестенини дека ми надоаѓа млеко.

Мајки ми пишаа на инстаграм дека од лубеница, пиво, чај од сусам и ким, овесни снегулки, кромид. За пробивање на млеко свежи китки од магдонос зовриени во вода да се ставаат на градите и каналите се пуштале.

Марта некаде до вториот месец цицаше и користеше адаптирнао млеко.

Сакам да им препорачам на мајките кои се борат со адаптирано млеко да истрајат и издржат. Да најлесно е да дадеш адаптирано и да си уживаш, но е докажано дека мајчиното млеко е најздраво и најдобро за бебето. Но ако не успеете или од друга причина не можете да доите тогаш најдибра замена е адаптираното млеко. Не треба да се обвинувате зашто не доите или да се чуствувате помалку вредно.

Ноќното доење на почетокот беше многу често одвај се изборивме да дојдеме да станува на два саати, и тоа точно се будеше на два саати. Првиот пат кога не се разбуди јас станав и се прошетав низ стан и се вратив во кревет. Ми беше чудно што не стана. Никогаш не сум ја будела за цицање. Овде така ми препорачаа само да се буди ако не напредува бебето.

Став на педијатрите во Украина

Како и кај нас и овде има различни педијатри со различни ставови. Мојот педијатер ми велеше на 5 месеци да почнам со дохрана. Мојот став беше дека до 6 ќе е само на доење, дури сакав и подолго но почна многу да е гладна и да гризе, имавме веќе 4 заба. Така јас со дохрана почнав на 6 месеци и недела. До кога да се дои детето исто немаат став, барем педијатарот мој ништо не ми кажа. Секој пат ме прашува дали ја дојам уште. Мајките во Украина повеќето ги дојат до година и престануваат. Некои кои тргаат на работа ги откажуваат и порано.

По тоа што читам најубаво е да се дои до две години, да не се откажува наеднаш од цицање. Имам прочитано дека раното откажување од града придонесува подоцна да се изгради на глобално ниво општество кое преферира големи гради, да се става акцент на нив. Затоа треба детето да се остави само да се одвикне од цицање.

Марта сега е 16 месеци и цицаме само заспивање преку ден, заспива еднаш. Доколку заспие во количка или со некој друг тогаш не бара цицање. И навечер за заспивање цицаме. После година дена неврологот ми кажа дека е битно откако ќе заспие навечер 6 саати не треба да станува. Тоа е најдобро за развојот на детето. Марта тоа го почитува сама по себе. Планирам да ја дојдам додека не се одбие сама, па ќе видиме.

Препораки за идните доилки

  1. Бидете смирени низ целата бременост – од стресот зависи дали ќе имате млеко или не. Мајка ми немала за мене бидејќи имала многу стресна бременост, а за брат ми го изгубила од стрес. Исто научно е докажано дека стресот влијае во количината на млекото
  2. Доколку имате рамни брадавици извлекувајте ги со масло пред да се породите.
  3. Купете си силиконски брадавици, памук за доилки кога ќе ви тече млекото додека се шетате да ги имате нив
  4. Земете од али експрес силиконско да не ви тече млекото од градата кога доите од другата еве линк https://www.aliexpress.com/item/32827539538.html?spm=a2g0o.productlist.0.0.5da956cejLXHzz&algo_pvid=ec959f72-6e38-41d6-a818-80603d6e21d4&algo_expid=ec959f72-6e38-41d6-a818-80603d6e21d4-43&btsid=56aa8d5e-7430-4108-a846-057a9a897bbf&ws_ab_test=searchweb0_0,searchweb201602_9,
  5. На бебето дадете му одма да цица откако ќе се роди во првиот час
  6. Забранете во болница давање на адаптирано млеко
  7. Ставајте го бебето на града често
  8. Масирајте ги градите во првите денови
  9. Водете се инстинктивно за се понатаму
  10. Спијте додека спие бебето – сонот е важен во количината на млекото
  11. Јадете нутритивно вредна храна
  12. Не се сомневајте во себе и вашите способности
  13. Најдете си занимација во првите месеци во доењето.

Колку и да изгледа тешко на почетокот сето тоа проаѓа. И запомнете ЌЕ ДОЈДЕ ВРЕМЕ КОГА ЌЕ УЖИВАТЕ ВО ДОЕЊЕТО

 

На мојот инстаграм профил @mojafitnessmama во стори имам зачувано искуства од мајки

На мојот youtube канал Moja Fitness MAMA имам видео во врска со моето искуство во Доењето, во принцип е истото но има нешто повеќе. https://www.youtube.com/watch?v=tHAAGODxarA&t=83s

 

Се надевам дека ќе ви служи оваа статија

Поздрав, Мери

 

Автор: Мери Амбросова