Блог на една мајка

The Blog

Доење и вежбање!


Кога и кажав на мајка ми дека ќе почнам да вежбам, првото нешто што ми го кажа беше „кај ќе вежбаш сега, млекото ќе ти го снема„. Некако ме стави во мисла и се замислив, потоа почнав да барам по интернет истражувања. Дали може да трчам, да не ми престане млекото. Како и тогаш, а и на обуката за тренер за после пород беше следниов став.

Колку имате млеко само зависи од тоа колку често го ставате бебето на града, дали сте под стрес, дали сте наспани, дали се храните добро. Од друго ништо не зависи. Физичката активност не влијае негативно врз количината на млекото, а и на вкусот. Промена на вкусот е забележано само кај мајки кои се спремале за олимпијада. Тоа се доста напорни тренинзи. Но само првиот час е најдена поголема киселост на млекото потоа е вратена на нормала. Секако дека вие доколку вежбате нема да се спремате за олимпијада.

Исто така е направена студија во 2000 година кои ги покажала следните резултати. Биле набјудувани 40 мајки доилки кои биле 4 недела после пород. Пола почнале да вежбаат и се хранеле здраво, а другата половина само се хранела здраво. Кога стигнале на 10 недела после пород првите мајки ослабеле 4.5 кг а другата половина 900 крама. Првата половина не само што биле посреќни, поздрави, со поголема енергија него и количеството на млеко останало исто, втората половина ослабнала 900 грама.

Кога ќе почнете да вежбате почитувајте ги овие правила

–          Надојте го бебето пред да вежбате, значи вежбате со празни гради. Еден час пред тренинг е доволно.
–          Користете спортски градник , кој ви е таман односно ви ги стега градите и ги држи цврсти
–          Избегнувајте вежби кои ги трауматизираат градите
–          Пијте доволно течности
–          Хранете се здраво и квалитетно
И јас ви гарантирам дека само ќе имате придобивки од вежбањето.

Мое искуство:

Со вежбање почнав после три ипол месеци од кои и трчав. Од вежбањето само имав една промена, а тоа е ми се зголеми количината на млекото. Строго се придржував кон горе набројаните правила. Како доказ дека млекото ми остана со ист квалитет е дека Марта беше на ексклузивно доење до 6 месеци и 4 дена. Марта сега е скоро девет месеци и уште вежбаме и уште цицаме и јадеме кашички.

Мамулки не се двоумите дали да вежбате или не. Секако дека ДА.

Автор: Мери Амбросова