Блог на една мајка

The Blog

Чоколадни кекси за 4 минути


Не содржат рафиниран шеќер, без бело брашно, се прават со се печење 4 минути и помалку. Меки се и сочни може во вид на топчиња или во калапи за мафини или сплеснати топчиња.

Состојки

40 гр овесни трици, може да сомелете ситно овесни снегулки
2 лажици какао
1 лажичка кокосово масло
3 лажици био млеко
малку пециво
1 лажица кокосов шеќер, може и некој друг засладувач по ваш избор.
1 јајце

се се меша и се прави форма. Се пече во загреана рерна 2-3 минути и готови. Може и минута во микроталасна.

На здравје кекси за целото семејство.

 

Автор: Мери Амбросова