Блог на една мајка

The Blog

Бременааа сууум!!!


Прво сценарио: Јеееее  тестот е позитивееееен…. по неколку секунди: И сегааа штоооо?!

Второ сценарио: Ауу позитивен е, не планирав…. И сегаа штооо?!

Колку и да се радуваме кога ќе видиме позитивен тест за бременост, дел од нас е во паника и почнуваат да се редат милион прашања. “Треба само да мирувам, што да јадам, како да се однесувам, сакам сите да знаат дека сум бремена….” Ако не сте направиле свадба ,“леле треба свадба” и ред други прашања кои само се редат во низ. Ќе бидам ли добра мајка, како да се однесувам….

Мамулки честитооо, едно бебулеее ве одбрало вас за мајка и од сега па до негови 18 години вие сте одговорни за негоПосебно додека го носите, уживајте ја бременоста, смејте се, радувајте се, заблагодарувајте се. Галете го идниот бебуш. Не си дозволувајте ниска вибрација. Уште од сега тоа се чуствува, сакајте го. Има докажани експерименти кога мајката го сакала плодот – идното бебе во бременоста и кога не го сакала. Потоа тие деца кои не се сакани во утробата се со послаба самодоверба, несигурни се, со недоверба кон другите. Додека бебињата кои се сакани од самиот почеток растат во деца со самодоверба, љубов и разбирање кон другите.

Кај мене беше првото сценарио. Со сопругот, тогашен дечко (Микола), многу посакувавме бебе, особено девојче. Бидејќи првиот пробен пат беше неуспешен, јас многу се разочарав па дури и на гинеколог бев да се проверам дали е се во ред со мене хаха. А јас пак сум заборавила дека најголеми се шансите да забремениш доколку имате односи во плодни денови. И така, по инструкции на гинекологот вториот пат беше успешно. Сепак, се додека не го видов тестот позитивен не се надевав и си продолжив нормално да си го живеам животот.  Вежбав фитнес, судев кошарка, шминкав и спремав настан.

Пред да го направам тестот имав симптоми на надуеност, единствено го чувствував само тој симптом. Најдобра другарка правеше свадба, се изнаиграв, присуствував на сите активности околу свадбата. Не пијам алкохол,  па затоа не ми се ни чудеа многу зашто не пијам.  Со еден збор, бев активна тој месец.

Прв пат го направив тестот кога дојде Микола во Македонија. Кога го видов не знаев дали сум среќна, збунета или исплашена. Но едно беше сигурно, ме чекаше свадба, селидба, престанување со кошарката, со  шминкањето, со постојаната работа. Сите мисли ми поминаа низ глава кога го видов лицето на Микола, беше малтене исто така среќно – збунето. Уживавме во тој ден, а наредниот им кажавме на моите за убавиот настан.

Ова е слика кога прв пат им кажавме на моите дека сум бремена.

Знаете ли која беше првата реакција на моите?! „А  кога свадбааа ?„. Тие беа повозбудени од нас.  Иако и тие знаеа дека следат промени кои и тие треба да ги поминат заедно со мене. Добро се држеа.

На почетокот не сакав свадба, сакав нешто мало. Но ја послушав мајка ми, чиј совет беше: „Еднаш ќе си невеста„! Jа послушав и сум и благодарна на тоа.  Бидејќи не сакавме да чекаме стомакот да порасне, а и ќе фатеше зима во Украина, решивме свадбата да биде за месец ипол.

Како ја спремав свадбата и се во врска со тоа, може да прочитате во овој пост „8 Совети за организирање на свадба“.

 

Автор: Мери Амбросова