Блог на една мајка

The Blog

Боршч – источна манџа, супа


Боршч – источна манџа супа, превкусна, а за зимно време идеална. Може и во време на пости да се спрема, со гравче наместо со месо. Исто така и дечиња многу ја јадат. Во Украина еднаш неделно обавезно се спрема а може да стои и до 5 дена. Знаете сопругот стално вика „утре ќе е поубав кога ќе отстои„.

Кога дојдов се чудев како цвекло и зелка во манџа, па и месо па после и со грав па и со павлака, но верувајте превкусно е. Првиот пат ја правев со свекрвата и јас бремена и после тоа не ми текна више да правам од што има многу лупење, рендање . Потоа се охрабрив сама и знам го направив и си легнав 😂😂😂, а сопругот наредниот ден на преглед и кажа на гинекологот (јас 9 месец), „супер е вчера правеше Борш„. Тогаш ми стана јасно дека навистина не е едноставно да се направи и одзема време. 

Потоа купивавме машинка за мелење месо и имаше една со додатоци за Борш рендање. Еее се израдував 😂😂😂 А воедно и се спасив 😂😂😂. Со електрична рендалка се прави многу побрзо.
.
Затоа кога ќе го направите пофалете се дека вашиот е најубав 😍😍
.
Рецепт:
.
✔️ месо или грав. Доколку го правите со месо го варите месото, некои и го пропржуваат па го варат, јас само го варам за да не ставам масло. Некаде кога ќе е повеќе од половина сварено ставате компирите, доколку со грав тогаш го киснете па варите или подготвен па само го истурате после компирите.
✔️ компири два средни- ги ставате во вода да се варат заедно со месото ако е со месо, ако е со грав прво компирите
✔️ Рендате 1 голем морков, 2 цвекла средно до кај мали, четвртина од голема зелка, и кромид. Ова го ставате во водата од месото или компирот и се динста кога ќе омекнат се става 150 грама томатна паста густа. Доколку е ретка тогаш повеќе. Сол и бибер. Се динста уште малку. Потоа ова се додава во компирите со гравот или месото. Се вари уште малку и се пробува на вкус. Се додава сол или томатна паста. Потоа магдонос, може и ловоров лист. Се доварува уште 5-10 минути, пробајте дали зелката и цвеклото се убаво сварени. 

Сите мерки се отприлика за големо тенџере, јас го полнам до горе со вода. И имам за 5 дена потоа си доправувам јадења уз Боржот а тој ми е или како споредно или за вечера.
.
Мајка една од вас ми пиша во Велес баба и додавала и сливи Џанки една слива.
.
Се јаде врел со една лажица павлака а може и без неа.
.
Превкусен е и не заборавајте да се пофалите дека вашиот е најубав 😍😍😍

Автор: Мери Амбросова