Блог на една мајка

The Blog

Бебе и пливање, полезности


Како бивши пливач, прво нешто каде и да одам одам проверувам базени ахах. Додека бев трудна одев и на часови по пливање за трудници до некаде 8 месец кога престанав, напорно ми беше више ахаахах. Марта направи 3 месеци и педихатарот ни кажа епа спремни сте за на базен. Молам викам каков базен, пак ладно е, безбедно ли е, чисто ли е. И така ми објаснија дека тоа се посебни кади или мали базенчиња каде водата е од 35-38 степени и специјално обучени луѓе ги зимаат и ги „пливаат„. Има вакви базенчиња во секој регион од државата и не се плаќаат. Но нашиот го реновираа така да не можевме, а тој период немавме ни кола. Така единствено нешто беше еден спортски центар кога бевме да видиме беше една када која не беше бог знае од кога употребувана. Потоа два пати ја однесовме во еден хотел каде имаше базен за бебиња и тамо пливаше со мене. Но ништо посебно не и правев. Ни бараа потврда дека е здрава и обавезно со пампер за пливање. До една година е едно пливање во помали базени каде, а од годинка се базени поголеми со вода 30 степени топла.

Сега Марта е 13 месеци и конечно се решив да се распрашам за тренинзи за поголеми бебиња. Така најдовме базен кој е прилично блиску до нас, сопругот се јави и кога почнаа да не испрашуваат кога последен пат настинала, да не имала сипаници, документ од педијатар дека е здрава и нема ниедна кожна болест. Обавезно памперс за пливање или специјални водоотпорни купачи за бебе (кај нас ги продава Еко пелени имаат и фб и инстаграм профил) Кога  ја средив Марта ми кажаа дека ако мајката влага во базен ќе треба и она да се провери. Среќа имаа тамо доктор па ме провери до кожни болести кога сум била настината дали сум била болна. Запрепастена бев кога ми кажа дека ако се разболиме одма да им јавиме да направат пресметка кога последен пат сме биле дали можеби има бактерии и вируси во базенот за да не се разболе друго дете. Така конечно се приближивме до базенот тренерот не пречека. Овие тренери се обучени за деца до 3 години. Повеќе се насочени кон развој, ги тегнат, нишаат, фрлаат вртат бебињата. Исто така се запрепастив дека еден тренер е со едно бебе во една стаза.

Ова се некои работи што ги дознав од тренерот:

  • Марта ја бањам дома со многу топла вода, максимум 32 степени веќе треба да е, а ја изгледа претерувам, после 30 минути во базен почна да и помодрува устата.
  • некаде на две ипол три години почнуваат сами да пливаат, односно тогаш се способни да држат глава над вода. Но се зависи од психичката и емоционалната стабилност на детето.
  • Минимум два пати неделно да ја носиме за да не заборави.
  • на море без гуми никакви, единствено со елече доколку одиме на брод па влага во вода во сред море.
  • бебе не се гњурнува наеднаш, него се чека да развие осет кога ќе го доближиш до вода само да земе воздух. За да го развие ова дома во када малку како божем случајно потопете му ја главата за да знае да зима воздух. Марта ова го имаше развиено

Полезности зашто да плива бебе

  1. Ги зајакнува мускулите на вратот, рамениците, стомакот, нозете, рацете. Се формира правилна положба на телото. И проблеми со стапалата се избегнуваатво
  2. добро е за детето да биде витално и да нема прекумерна тежина
  3. го зајакнува кардиоваскуларниот систем кај бебето, ја подобрува циркулацијата на крвта и го зајакнува срцевиот мускул.
  4. Кога го задржува здивот за време на нуркањето, ја стимулира циркулацијата на крвта во мозокот и бебето се развива побрзо.
  5. Постепено дишењето во вода станува подлабоко и се зголемува обемот на воздухот што влегува и останува во белите дробови, а целото тело добива повеќе кислород. Ова е спречува на болести на целиот респираторен систем на новороденчето.
  6. бебето е посилно, подобро јаде, поубаво спие
  7. помирно е, пливањето влијае врз нервинот систем го смирува
  8. бебињата кои од мали пливаат, побрзо почнуваат да седат, ползат, одат
  9. пливањето го стимулира говорот
  10. Доколку детето почне рано да плива се развува дисциплина, отпорност на стрес, автономија, определување и самоконтрола.

Мајки ова не значи дека ради овие придобивки треба детето да го носите во базените во Македонија. А не посебно во базен хотел Русија каде се бањаат сите. Ние за жал немаме базени за мали бебиња, тоа е најголем проблем, тренерите ќе се обучат во странство. Кај нас од 5 години се почнува со пливање и имаме многу добри тренери повеќето се одлични, мои колеги. За базените мислам дека е подобра ситуацијата како најхигиенски е Олимписки, Карпош имам слушнато дека не баш ја одржуваат чистотата во базенот односно водата не ја менуваат него само хлор додаваат. Да не паметувам така имам слишнато.

Како поминавме ние на првиот тренинг можете да видите на мојот инстаграм профил во IGTV. Марта влезе со мама па се опушти, на крај ја оставив сама со тренерот. Ќе одиме два пати неделно.

Инаку професијата ептен ми се допадна тренер за од година дена пливање, па ако некогаш работам во Украина мислам ќе е ова ахаха. Но до тогаш ќе си ги вежбам Маратонките

Автор: Мери Амбросова