Блог на една мајка

The Blog

Бебе гриза и тепа


Со овој проблем се сретнав кога на Марта и растеа првите заби околу три месеци. Ме гризеше кога цицаше и тоа знаеше баш да загризе, и ајде еднш два пати, но после ти се прават рани и болката е преголема. Така јас тогаш не знаев што да правам и ја применив оваа техника:

Секогаш кога ќе ме загризаше ја тргав од града и и објаснував дека толку од цицањето и секогаш кога ќе гризне ќе ја тргам. Така на три пати ја тргнав и потоа се поретко гризеше да на крај и престане. Просто бев изненадена како ме разбра а толку мала.

Така овој период го поминавме но Марта почна да гризе после една година и тоа доаѓа те фаќа за рака со две раце како колбасица и те гризе и тоа притиска и саат ти прави, па дури и модрица. Ајде прво мислев дека го прави тоа кога е гладна или жедна. Па и давав да јаде некогаш јадеше,  но повеќето пати само што сум ја наранила она доаѓа и гризе. А заби не растат. Па така почнав да читам околу тоа зошто гризат и го прашав психологот од курсот. Одговорот беше: Дека децата после првата година се преоптоварени со емоции и не знаат да се справат со нив и гризат за да покажат радост или лутина, да побараат внимание од родителите, да повикаат на игра. Кога ќе ве гризне треба да му кажете НЕ, да го тргнете од вас, да  објаснитедека нема да продолжите со активноста што сте ја правеле. На пример ако ви е во раце да го спуштите, ако играте да ја прекинете играта.

Ако детето ги гризе другите деца во негова околина тогаш тргнете го детето од групата и објаснете му дека ако продолжи да гризе секој пат ќе се случува  да излага од групата и да прекине да игра.

Доколку на пример седите вие и ви приоѓа детето и ве гризе може да му понудите игра на детето на пример цртање, коцки редење, боење, игри во песок и вода.

Исто така Марта почна и да тепа, на пример кога не сака нешто да прави на пример она фаќа нешто а јас ја зимам во раце она почнува да ме мава. Одговорот беше ист дека децата од една година не знаат да зборат за да ги искажат своите емоции и преку мавање ги искажуваат, Дека треба да му се објасни на детето „да те разбирам дека си нервозен и дека сакаш тамо да пипкаш но тоа ти го загрозува животот и затоа морам да те тргнам, молим те не ме тепај„ – ова е само пример во сооднос со ситуацијата ќе објасните зошто. Секако за се не треба да се трга детето од игра. Дека исто така децата ако маваат без причина да се применат методите како и за гризењето. Да му се понуди друга игра наместо таа што ја прави.

Јас ги применувам методиве една недела и мавањето и гризењето е заретчено.

Го имавте ли вие овој проблем, како се справувате, ви помогна ли овој текст?

Автор: Мери Амбросова